Како да ги изнервирате, а како да ги расположите хороскопските знаци?

Објавено на 14 април, 2014 во 10:58

Овен

 

Ако сакате да го изнервирате овој знак, доволно е да му кажете дека нешто ќе биде направено подоцна од тоа кога Овенот го очекувал. Или, ако му кажете дека нешто не знае. Тоа ќе биде доволно.Ако сакате да го расположите Овенот, потрудете се да му ласкате дека тој е најдобриот (во било што). Понекогаш навистина е. Овенот главно има доста голема самодоверба, но сака тоа и со зборови да им се потврди, дека во нешто се добри, па дури и најдобри.

Бик

Ако сакате да го изнервирате Бикот, доволно е да му кажете дека не ве интересира што прави, тоа тој веднаш ќе го протолкува како да не ви е до него или до неа. Исто така, кажете му на Бикот да не јаде толку многу слатки, дека се однесува претерано хедонистички. Оној кој на Бикот му забранува да ужива многу го нервира.Ако сакате да го орасполжите Бикот, пофалете ги неговиот или нејзиониот изглед. Исто така, пофалете го и нивниот труд, кажете им дека се вредни, дека сте воодушевени колку се посветени на работата.

Близнаци

Ако сакате да го изнервирате овој знак доволно е да му кажете дека не треба толку многу да ги оговара луѓето. Исто така, на Близнакот кажете му дека не е баш најпаметниот на светот, дека ништо не му вредат сите тие прочитани книги. Реченицата “Помалку зборувај, повеќе работи“ ги вади од такт!Ако сакате да ги орасположите Близнаците, однесете ги на “трач партија“, подарете им го омилениот часопис или некоја добра книга, нотес, пенкало или некој гаџет.

Рак

Ако сакате да го изнервирате овој знак, потрудете се да му укажете на некои негови комплекси. “Не е добро што си толку врзан за семејството“ е реченица која Раковите никако не сакаат да ја прифатат, ниту пак “Би требало да бидеш потолерантен спрема другите“.Ако сакате да го орасположите Ракот, отидете во неговото “гнездо“, воодушевувајте са како таму се’ е убаво, но премногу не ги менувајте неговите активности или воспоставениот тек на работите.

Лав

Лавот тешко поднесува кога не е во центар на вниманието. Обидете се да го запоставите во друштвото, па ќе видите што ќе ве снајде. Немојте да го фалите, а ако почне да раскажува за своите успеси, прекинете го и кажете дека тоа не ве интересира. Така, сигурно многу ќе го изнервирате.Доколку сакате да го орасположите Лавот, само оставете го да се фали и еден монолог ќе биде доволен за неговото его. Пофалете ја неговата коса или облека, па веднаш ќе ја видите насмевката на Лавот.

Девица

Потрудете се да зборувате што понеправилно или погласно. Уште и ако задоцните на состанок со Девицата, сигурно ќе предизвикате бес кај овие личности. Бидете немарни, неуредни и неорганизирани, ако сакате да ги изнервирате.Доколку сакате да ја расположите Девицата, прашајте каде го купила некое парче од облеката, која книга ќе ви ја препорача или барајте совет како подобро да се организирате. Нема подобар советник.

 

Вага

Ако сакате да ја изнервирате Вагата, немојте да правите компромиси. Потрудете се да не се оптоварувате за она што Вагата мисли, туку контрирајте и спротивставувајте се. Тоа ќе ја исфрли од такт. Исто така, притиснете ја Вагата брзо да донесе некоја одлука и ќе видите како ќе ја збуните и избезумите.Доколку сакате да ја орасположите Вагата, бидете фини, покажете дека сте спремни за се’ да се договорите, а неа задолжително вклучете ја во своите планови.

Скорпија

Потрудете се на Шкорпијата да не и’ кажувате детали кои ја интересираат. Гледајте да не правите се’ како што сака и да не се оправдувате. Бидете мистериозни и не одговарајте на прашања чија цел е да ве разоткријат и разобличат. Тоа особено ќе ја изнервира.Доколку сакате да ја орасположите Скорпијата потрудете се повеќе да и’ удоволите. Не и’ го одземајте драгоценото слободно време и не поставувајте премногу прашања.

Стрелец

Доколку сакате да го изнервирате Стрелецот, кажете му дека нешто мора да направи, дека одлагање веќе нема. Кажете му и дека е неодговорен и несериозен. Дајте му да заврши некоја досадна работа. Воопшто нема да биде среќен.Ако сакате да го расположите Стрелецот, дајте му ја сета слобода на светот за да работи и да создава. Така ќе постигне најдобри можни резултати. Или, однесето го на некое патување.

Јарец

Доколку сакате да го изнервирате Јарецот, кажете му дека ќе доцните и дека роковите за изработка на нешто се одложени или поместени за подоцна. Немојте да го фалите. Кажете му дека помалку ќе работи и дека нема потреба да останува подолго на работа. Тоа тешко ќе му падне.Доколку сакате да го расположите Јарецот, тогаш пофалете го за некоја направена работа, за било кој негов или нејзин успех. Оставете го Јарецот да зборува за своите планови, покажете интерес за неговиот или нејзиниот “бизнис план“.

Водолија

Ако сакате Водолијата да биде бесна, кажете и’ да седне и ништо да не работи, да олабави. Тоа воопшто нема да и’ се допадне. Кажете дека нема повеќе толку често да се гледате, дека мора помалку време да минувате во дружење или забава. Тоа воопшто нема да и’ биде пријатно.Ако сакате да ја орасположите Водолијата, немојте да ја лутите со нелогични изјави и не ја гушете нејзината слобода. Предложете некоја прошетка, вечерно излегување или викнете многу гости дома, а него или неа секако.

Риби

Потрудете се со лице родено во овој знак да се гледате наутро, по можност во сабота и недела, ако сакате да го нервирате. Барајте да одите на вашето омилено место, а не да се договарате околу излегувањето. Зборувајте за здрав живот, терајте ја Рибата здраво да се храни и така нервирајте ја. Здравиот живот воопшто не ја интересира.Ако сакате да го орасположите овој знак, отворете шише на неговиот омилен пијалок, однесете ја Рибата на неколкучасовно кафе-муабетење, опуштање во кино. Бидете успорени, фини, опуштени. Ништо не брзајте.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.