Љубовните приоритети на хороскопските знаци

Објавено на 2 мај, 2014 во 07:33

За Близнаците најважна е комуникацијата, за Бикот нежноста и префинетоста, … а кои се љубовните приоритети на другите хороскопски знаци?

Овен

Сака отворени и директни партнери и љубовнци. Не сака игри и не сака да чека. Тоа е причината зошто нетрпеливоста и недостатокот на спонтаност може потполно да им ја уништат врската. Најтешко ќе им падне ако сфатат дека партнерот нешто крие од нив. Затоа, ако сакате да го освоите бидете директни и кажете му на Овенот што мислите и чувствувате.

Бик

На Бикот најважна му е нежноста и префинетоста. Ако сакате да му покажете љубов на Бикот, направете го тоа без вулгарности, непристојност или грубост. Овој знак најмногу се придржува до естетиката.

Близнаци

На Близнаците најважно нешто во врската им е комуникацијата. Ако не живеат заедно или ако не се гледаат секојдневно со партнерот, тогаш барем телефонскиот повик, смс пораката ќе биде доволна за Близнакот да знае дека сте заинтересирани. Ако не сте во постојан контакт, тоа може да биде погубно за врската. Освен со зборови, комуницирајте и со дела.

Рак

Како вистински семејни луѓе, Раковите сакаат да се чувствуваат заштитено, но и да имаат улога на заштитници. Во нив тоа создава чувство на сигурност од која ќе се развие голема љубов. Верноста, довербата и сигурноста во прегратка на саканата личност за Ракот е најпосебно чувство.

Лав

Лавот ќе го препознаете по детската разиграност, која му е навистина важна. Тие се како разиграни лавчиња. Но, за Лавот да биде толку разигран, нежен и искрен, треба да му дозволите да се чувствува слободно. Само во такво окружување ќе произлезе страст и љубов.

Девица

Девицата во љубовта кај партнерот бара добрина и подготвеност на жртви и помагање. Ако сте ладни личности, тешко ќе можете да ја освоите Девицата. Од друга страна, таа потполно ќе се предаде на некоја личност, ако види дека е нежна кон послабите од неа, кон помладите или старите луѓе на кои им е потребна помош во која било смисла.

Вага

Вагата во сè бара рамнотежа, мир и согласност. Токму тоа им треба и во врската. Затоа нивниот партнер мора да биде приспособлив. Вагите го ценат трудот и ако видат дека се обидувате да се приспособите, ќе ви ја простат секоја грешка.

Скорпија

Скорпиите без искреност и почит се чувствуваат празно и предадено. Многу им е важен сексот, но тоа ништо не значи без отворен однос и комуникација. Исто така им е важно партнерот да знае да чува тајни и да не раскажува наоколу за деталите на нивната врска.

Стрелец

Стрелците сакаат материјални подароци, искажување љубов, давање и примање кое се забележува. Од партнерот очекуваат повремено да им дозволи да бидат во центарот на вниманието. Добриот секс е задолжителен.

Јарец

Почитта и работната етика е она што го одржува Јарецот во живот, но важна му е и љубовта. Емотивната предаденост е нешто што го бара од партнерот. Не го земајте здраво за готово. Понекогаш и премногу пофалби може да ги доживеат како нешто навредливо.

Водолија

Водолиите сакаат да експериментираат, а без авантури не можат да си го замислат животот. Не можат да опстанат без праведност и отвореност за нови идеи.

Риби

Најнежен и најчувствителен знак во Зодијакот се Рибите. Нивните партнери мора секогаш да внимаваат да не ги повредат. Рибите бараат партнер кој е чувствителен и емпатичен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.