Кои бои да ги носите оваа пролет според хороскопот
Погледнете кои бои ви ги препорачуваат ѕвездите за оваа пролет:
Овен – Тие треба да носат црвена боја. Нивен владетел е Марс, па затоа им прилегаат енергични бои. Нежните нијанси едноставно не се за нив. На нив ќе изгледа добро сето она што другите не можат да го комбинираат, како и боите кои никако не одат во комбинација.
Бик – Розевата боја е боја која се препорачува за овој хороскопски знак, како и сите нијанси на зелената. Биковите ги сакаат цветните дезени и боите на пролетта. Тие треба да ги избегнуваат мртвите и ладни тонови, а црвената боја не е препорачливо да ја носат.
Близнаци – За близнаците се препорачуваат жолтата, портокаловата, сивата како и нежно сината боја. Близнаците ги сакаат комбинациите од црна и бела боја. Жолтата ја сакаат кај деталите, но и портокаловата особено се препорачува кај овој хороскопски знак.
Рак – Препорака за Раковите е да се опкружат со сребрена и бела боја. Тоа ги смирува. Тие треба што повеќе да носат бела боја и сребрена боја, а може и нежно сина боја. Доаѓаат предвид само многу светли нијанси. Просторот во кој живеат треба да ги релаксира и да потсетува на море.
Лав – Црвената и златната боја се бои со кои треба да биде опкружен Лавот. Бојата на Сонцето владее со Лавовите, па ги тера да изгледаат светликаво. Светлите нијанси и нападниот накит се добра комбинација за нив.
Девица – Кафена, сива, но и зелена и бојата на тревата, се бои кои се препорачуваат кај овие знаци. Земјената Девица сака хармонични комбинации и не премногу нападни бои. Мебелот во боите на дрвото или оној кој е изработен од дрво е тоа што тие најчесто го бираат. Ним им се важни деталите.
Вага – Розево, бело, нежно сино, сиво, кремасто, пастелни бои, светло зелена. Вагите се облекуваат многу хармонично, сакаат нежни бои кои лесно се комбинираат. Тие сакаат да изгледаат ненападно, убаво и елегантно. И мебелот во нивната куќа треба да биде во неутрални бои.
Скорпија – Скорпиите сакаат вино црвена боја и црна боја. Тие лесно се комбинираат со останатите бои, а освен во ормарот, Скорпиите би требало овие бои да ги имаат и меѓу парчињата мебел.
Стрелец – За нив се препорачуваат тегетот, виолетовата, но и темно сината боја. Јупитер владее со овој знак, па виолетовата или темно сината боја се бои кои се врзуваат за оваа планета. Стрелецот е еден ретките знаци кој ќе се одлучи за шаренило, бидејќи смета дека му одговараат сите бои.
Јарец – Сиво и боја на камен, како и црната, тоа се бои кои им се препорачуваат. Нив им прилегаат и убавите кафени тонови. Практични и деловни, припадниците на овој хороскопски знак се смирени, така што не експериментираат премногу ниту со боите.
Водолија – За Водолијата се препорачува тиркизна, сива и сина боја. Нив им прилега и тегетот и модро сината боја.
Риби – Сино, зелено, светло сино, тегет, виолетово. Ова се боите кои им се препорачуваат на Рибите. Сите нијанси мора да се добри за овој знак. Исто така, па макар и во спалната соба, тие би требало да имаат барем некои од нијансите на сината боја. Треба да ги избегнуваат земјените тонови како