Суеверие на хороскопските знаци
Објавено: 13 мај, 2014, во 08:52 часот
Овен
За Овните сите празноверија се смешни. Иако не е суеверен, кога ќе му заѕвони левото уво, Овенот чека да му заѕвони телефонот во надеж дека ќе слушне добри вести или некој пријатен женски глас.
Бик
Сака да ја сврти шолјата откако ќе го испие кафето, се со цел неговата колешка на работа да му ја протолкува љубовната ситуација. Бикот чита хороскоп, сака да се консултира со астролог и нумеролог, а понекогаш има желба и да му гледаат на карти. Кога ќе види црна мачка, го менува правецот на движење, а кога ќе види оџачар се фаќа за копче.
Близнаци
Додека ги прелистува весниците, Близнакот со едно уво е насочен кон телевизорот и ја слуша временската прогноза. Тој најмалку верува во сите тие недокажани теории, освен ако некој не му укаже дека во нив постои некаква „логика“, односно заработувачка.
Рак
Не дека е суеверен премногу, но над влезната врата Ракот има закачен венец од босилек, лук и потковица. Кога сонува некој сон, во соновник го проверува неговото значење, и ако го отвори на страницата на која чува сушена детелина со четири ливчиња тогаш верува дека тоа е добар знак.
Лав
Иако Лавот не е суеверен, тој скришум чита литература од парапсихологија и радиестезија, а познава многу работи и од алтернативната медицина. Кога на прозорец ќе види бубамара која најавува гости, веднаш проверува дали има пиво и сок во ладилникот.
Девица
Девицата ја сака психологијата, прави разлика помеѓу чистото суеверие и парапсихологијата, и чита многу литература од тие области. Помеѓу другото таа не сака да отвора чадор во домот, ниту пак да ги открива своите планови со цел да не си направи баксуз.
Вага
Таа е рационална, но јасно и е дека постои нешто од „оваа или од онаа страна“. Поради тоа ќе си стави приврзок од тиркиз, само за да не ја фатат уроци.
Скорпија
Скорпијата не може да поднесе кога не знае на што е, па затоа посетува гатачки и луѓе што гледаат на тарот, консултира астролози и нумеролози. Се труди што помалку да им кажува, а што повеќе да дознае за себе, особено ако е нешто лошо.
Стрелец
Иако навидум се чини дека не е суеверен и дека сето тоа му е смешно, Стрелецот во својот дом често чува потковица за среќа. Понекогаш може да посети некоја гатачка што прави „бела магија“, но за тоа не кажува никому.
Јарец
Загрижен поради тоа што го сонувал претходната ноќ, Јарецот размислува како да го заштити семејството, себе си, домашните миленичиња и миленичињата на своите соседи. Тој многу сака да чита текстови за окултни теми, а кога нешто не му оди од рака се теши себеси со изреката „секое лошо за некое добро“.
Водолија
Водолијата ја сака астрологијата, нумерологијата, хиромантијата, таротот и другите карти за гатање и сака многу да чита за тајни друштва, масони и двојни шпиони. Иако е суеверна таа по никоја цена не би признала дека се плаши случајно да не скрши огледало и дека ги заобиколува дрвените скали за да не пројде под нив.
Риби
Рибите се толку суеверни што не сакаат да влезат во хотел ако добила соба со број 13. Тие многу сонуваат и сакаат да ги толкуваат соништата со своите пријателки, а доколку некој им гледа на карти подготвени се да го слушаат и цела ноќ.
