Шминка и фризура според хороскопски знаци
Овните се родени водачи и затоа нивните очи доаѓаат секогаш во прв план, а и беспрекорниот тен и коса. Вам ви прилега драматичниот изглед кој мора да ја истакнува вашата женственост.
Овните се родени водачи и затоа нивните очи доаѓаат секогаш во прв план, а и беспрекорниот тен и коса. Вам ви прилега драматичниот изглед кој мора да ја истакнува вашата женственост.
Совет: користете црна маскара за очите и внимавајте кога ја боите косата.
Беспрекорни усни за Биковите
Жените-Бикови мораат да водат сметка за усните и за вратот. Хороскопската анализа вели дека жените од овој знак имаат исклучително убав и мелодичен глас, па затоа често се и омилени говорници.
Токму затоа треба да внимавате на усните. Избегнувајте светкави, виолетови или седефасти кармини. Наместо тоа можете усните да ги намачкате со природни или со розеникави тонови и со сјај за усни. Биковите се практичи и многу често се одлучуваат за фризура што е доволно долга за да може да се фати во опавче. Најчесто тоа и одлично им прилега.
Совет: Биковите треба да се откажат од силните бои за коса и косата треба да ја бојадисуваат во природни нијанси. На овој знак му прилегаат земјени тонови зашто така ќе го истакнат својот природен стил.
Разиграни Близнаци
Жените кои се родени во овој знак повеќе од кој и да е друг хороскопски знак треба да носат кратко потстрижана коса и минимално шминка затоа што тоа ќе го истакне нивниот сексапил и тие ќе се чувствуваат посакувани. Со изразена и воочлива боја на коса идеално прилега природна и трендовска шминка.
Совет: На биковите им прилегаат и помалку неприродни бои. Ако носат сино, тогаш добра варијанта за нив е сино-платинестата, ако носат портокалова тогаш подобри се нијансите што се блиски до бојата на сонцето, а од кафеавите тонови најмногу им прилега костенливата.
Ракови – таленти за шминка
Жените-ракови се со особено високи барања посебно кога станува збор за фризурите и за шминката. Шминката пожелно е да им биде во боја, а бидејќи имаат вроден талент за шминка честопати ги избегнуваат советите за шминкање. Ним најдобро им прилега кога косата не им го покрива лицето.
Совет: Најчесто се држат цврсто до правилата. Опуштете се, правилата понекогаш треба и да се прекршат.
Лав – кралици на зодијакот
За многу лавови најважен стилски елемент им е косата. Токму затоа тие ја менуваат бојата на косата, ја менуваат почесто и фризурата од останатите жени. Во шминкањето за нив не постојат граници. Допуштено им е експериментирање со бои, а им прилегаат и светкави елементи и вештачки трепки…
Совет: Додека се шминкате настојувајте да го следите модниот тренд од 50-тите години на минатиот век, јасно истакнувајќи ги усните и очите. Експериментирајте со бојата на косата и со шминката, но не заборавајте ги кремовите. Кожата и косата тоа нема да ви го заборават.
Природен изглед над сè – Девиците
Внимателните и темелните Девици, од сите останати хороскопски знаци внимаваат на козметиката што ја користат. Ним не им прилега тешка шминка и најдобро е кога наоѓаат рамнотежа помеѓу природната козметика и моменталните трендови.
Совет: Девиците сакаат едноставност во сè, па и во однос на ноктите. Ноктите негувајте ги со проѕирни лакови или со лакови за нокти со силни тонови.
Женствените Ваги
На вагите им прилега долга коса. Долгата коса ги прави привлечни и сексапилни. Не им прилега тешка шминка. За нив прпорачливи се светли сенки и моливчиња со седефни бои. На усните се препорачува да ставаат светкави сјаеви или традиционален, класичен, црвен кармин. На вагите многу добро им прилега слободно пуштена коса.
Совет: Со Вагите владее планетата Венера која ја нагласува нивната женственост. Искористете ја нејзината наклонетост.
Скорпии-камелеони
Жените кои се родени во овој знак, повеќе од кој било друг знак, можат непречено да уживаат во честото менување на бојата на косата и на шминката. За скорпиите е битно, доколку се облекуваат во ладни тонови, тогаш да се нашминкаат во светли, небесно-сини тонови. Ако, пак, носат топли тонови, тогаш шминката треба да е во темно-црвени тонови.
Совет: Користете туш за очи. Идеално ви прилега.
Стрелци – трендсетери
Жените-Стрелци можат да носат силни бои, тренди-кармини, вештачки трепки… Косата мора да задоволува два критериума – мора да изгледа како да не е добро исчешлана, а притоа да биде со тренди-фризура. Тие или сакаат мошне кратка коса или предлога како гривна.
Совет: Експериментирајте со трендовите и користете ја вашата фантазија.
Елегантните Јарци
Жените-Јарци се најмалку помодарскиот знак во целиот зодијак. Нивниот избор на фризура и на шминка е елегантно класичен. Нивната козметичка торба е полна со исти производи. Тие не сакаат да експериментираат, па во изборите секогаш одат на проверени и сигурни варијанти. Ним им прилегаат сите нијанси на сината боја – од медено-сина до платинеста.
Совет: Кога избирате фризура не стрижете се сами. Почнете да ги користите сите оние шишенца козметика што ги имате дома.
Водолејците – сакаат промени
Водолејците обожаваат промени и честопати целосно го менуваат својот изглед. Во козметичката торба имаат воочливи шминки. Ним најмногу им прилега зелена и сина сенка околу очите. Идеални за нив се и корално-црвената боја и портокаловата. Кратки фризури се идеални за жените кои се родени во овој знак. Најмногу им прилегаат фризурите во стилот на 80-тите години од минатот век.
Совет: Ако носите облека во ладни тонови тогаш шминката треба да ви биде со земјени нијанси.
Риби – уметничка душа
Рибите, исто така, често експериментираат со шминката што е во согласност со нивната уметничка природа. Одлично им прилегаат проѕирни, светкави шминки во согласност со „мокриот“ изглед. Тие се помодарки и сакаат трендовски фризури. Рибите ја менуваат бојата на косата тогаш кога ќе им се здосади од изгледот во огледалото.
Совет: Тогаш кога сте задоволни со самите себе на површината испливува вашата посебност.