Што сексуално ги возбудува мажите според хороскопот
Проверете кои работи сексуално го возбудуваат и на што не може да одолее. Разбудете ја страста во врската со помош на звездите.
Овен
Овенот ужива да биде нечиј трофеј. Сака прво да се покаже, а потоа да води љубов. Очекува да му се даде признание, особено кога сте во некое друштво. Тоа што не го поднесува е кога флертувате со други мажи.
Бик
Биковите се сјајни љубовници. Најмногу ќе уживаат во фина вечера, после која ќе го љубите од глава до пети. Погрижете се за амбиентот, да има луксузни детали и мирна атмосфера и ќе бидете наградени за трудот. Биковите не сакаат да спијат во кревет кој не е нивен.
Близнаци
Немојте да се изненадите кога ќе дознаете дека, иако се однесуваат провокативно, Близнаците не се претерано заинтересирани за секс. Обожуваат флерт и остра комуникација, која води кон секси мисли. Предизвикот со нив, откако ќе го освоите, е како да го натерате да биде верен. Еден од начините е да го држите во неизвесност, затоа што по природа се многу љубопитни.
Рак
Ако те привлекува личност од овој знак, припреми се да играш на картата на неговото его. Ракот можеби има најголеми барања од сите знаци. Сака физички контакт, приврзаност и многу повеќе емоционално доверување отколку што е потребно. Постојано ќе мора да му ја докажувате љубовта. Тоа значи пред се, дека мора да ви верува, инаку ништо од еротската слобода.
Лав
За да биде задоволен, Лавот мора да биде постојано опсипуван со комплименти, особено за неговите неверојатни способности кои му помагаат добро да заработи. Погрижете се да мисли дека го доживувате како еден вид на гениј. Лавовите сакаат луѓе покрај кои добро се чувствуваат. Никогаш не ги критикувај, затоа што после тоа сигурно нема да бидат расположени за нешто повеќе со вас.
Девица
Во најголем број на случаи, Девицата е опседната со контролата. Најчесто измислува свој свет и живее во него. Поентата им е да можат што полесно да ја остварат својата цел, а ништо не ги возбудува повеќе од самата идеја на обврска. Избегнувајте пренападни парчиња облека, затоа што кај Девиците тоа воопшто не пали.
Вага
Мажите родени во овој знак имаат вроден смисол за хумур кој е програмиран да тера секој облик на интимност. Можат да поминат недели и недели пред да добиете искрен одговор. Тоа е нивниот одбранбен систем затоа што не сакаат ако премногу им се приближите. Вагите сакаат да го направат првиот чекор и брзо го губат интересот за личноста за која сметаат дека не можат да ја контролираат или околку некоја личност за која не мораат да се потрудат.
Скорпија
Скорпиите се мотивирани од љубомората. Тие сакаат девојка за која знаат дека е посакувана од другите мажи. Од друга страна, можете да бидете босоноги, не толку згодни, многу да ве пратат трачевите, но ако тие мислат дека си посакувана, нема да се откажат.
Стрелец
Ова сензуално битие ја сака храната и пијалокот, парфемите и се што убаво мириса. Не ја сакаат љубомората и обидот за контрола, а сакаат и да делуваат недостижно. Овој знак го симболизира патувањето. Да ги заведете во воз или хотел, е одлична идеја. Исто така се љубители и на егзотични места, како што се врвовите, планините, пустините.
Јарец
Јарците се чувствуваат најудобно кога се сигурни дека позади нив стои голема поддршка и безусловна љубов. Кај мажите во знакот на Јарец ќе соберете поени само со тоа ако сте покрај него, на вистинското место, во вистинското време. Јарците се склони на луксузноста, затоа понудете им да го средите станот и веднаш ќе ве сметаат за сексапилни.
Водолија
Омилено сценарио на Водолиите им е седење и долг разговор со некој што го сакаат. Сакаат да зборуваат за себе и за своите долгорочни планови, па ќе се погрижат да го поделите ентузијазмот со нив околу планирањето на иднината. Овој знак ужива во се што е поврзано со модата и културата. Ако добро се облекуваш, мажот во знак на Водолија сигурно ќе те примети.
Риби
Рибите сакаат да поделат се со тебе, дури и парите, затоа што сметаат дека заедничката сметка во банка е доста секси. Сепак, емоционално се многу нестабилни. Секогаш ќе мора да го уверувате дека тој е број еден.