Хороскопот открива што е најубаво на Вас
Хороскопскиот знак ја претставува вашата личност, па со тоа влијае на избирање на стилот на кој сте склони…
Овен
Дамите родени во знакот на Овен имаат природно убаво лице па им се советува да и посветат внимание на фризурата, која ќе ги нагласи цртите на лицето. Девојките родени во овој знак се родени во елеменотот на оган, им се препорачува црвена боја при изборот на комбинациите и шминката.
Бик
Советот за изглед на дамите родени во знакот на Бик е да користат неутрални бои. Ружот со боја на праска е совршен избор. Со оглед на тоа, дека со овој знак владее Венера, планетата на убавината, благословени сте со совршена кожа која треба максимално да ја чувате.
Близнаци
Близнаците сакаат квалитетни парфеми. Со оглед на тоа дека Близнаци значат двојна личност, стилот кој ги карактеризира во шминкањето се светлите и темните нијанси. Инаку, дамите родени во овој знак се познати по убави раце и рамена па би требало да ги истакнат.
Рак
Жените родени во знакот на Рак треба да ја нагласат својата женственост со светкави лосиони. Овие дами имаат совршено тело кое изгледа одлично во секој фустан, а уште повеќе кога кожата им светка.
Лав
Симболот на убавина кој го краси лавот е нивната коса, па хороскопот ви советува да и посветите посебно внимание. Не се срамете да ја истапирате. Сетете се само на Џенифер Лопез, која секогаш плени со внимание поради својата прекрасна коса.
Девица
Бидејќи девиците се помалку невини за разлика од останатите знакови, тие тежат кон природен изглед. Тоа е добро, бидејќи понекогаш им се случува да претераат со пудрата.
Вага
Вагите треба повеќе да ги истакнат своите очи со квалитетнио сенки и маскара. Многу од дамите родени во овој знак изгледаат многу помлади, поради што треба да и посветат посебно внимание на негата на кожата.
Шкорпија
Шкорпиите секогаш заведуваат, а ги краси мистериозност, која треба да ја нагласат со “smokey eyes” стил. Инаку, тие се познати по убавото тело, па се советува да го одржуваат во форма.
Стрелец
Дамите родени во знакот на Стрелец можат да го носат апсолутно секој стил, па затоа најдобриот совет за нив е секогаш да експериментираат. Јаките летни бои во облекувањето и шминкањето ќе ја нагласат вашата слобода.
Јарец
Припадничките на понежниот пол родени во знакот на Јарец ги краси необјаснива харизма, која им дозволува да си играат со разни стилови и техники. Сепак, општо е познато дека обожаваат убави чевли и додатоци со интересни бои.
Водолија
Жените родени во овој знак тежат кон природен изглед. Иако не сакаат претерана шминка, сакаат да експериментираат кога е во прашање нивната појава. Не се плашете да додадете малку боја на вашето прекрасно лице.
Риби
На Рибите им се советува, да се завртат кон својата креативна страна и да вклучат јаки бои во својот make up. Инаку, постои јака врска помеѓу Рибите и уредните нокти, поради што припадничките на овој знак многу внимание им посветуваат на ноктите.