Какви се во љубовта и дали простуваат
Положбата на Венера во женскиот хороскоп е една од најважните одредници. Он на нас ни открива какви се дамите во љубовта, какви мажи сакаат и дали лесно простуваат. Астрологот Ивон Беар вас ве запознава со оваа планета.
Венера во Овенот
Ова е љубов на прв поглед. И таа е смела, секогаш посакувана, нејзината желба за животот, емоцијата е заразна. Но нејзиниот ритам не може секој да ја прати. Добро ја чува својата независност, добро ги контролира емоциите како не би била повредена бидејки таа секогаш останува верна сама без оглед на се. Огнена, импулсивна, со јаки инстикти и полна со ентузијазам. Не сака континуитет во односите, не поднесува пасивни партнери бидејки во такви врски многу брзо губи заинтересираност. Повеќе е свртена на динамични, слободни, необични како и оние љубовни во кои постои слатка доза на тензија. Венера во Овен сака возбудлива, динамична и директна љубов.
Венера во Бикот
Таа е сензуална и нежна и знае да сака бескрајно само ако сте заслужиле. Тежи кон сигурна и удобна љубов. Лојална, сигурна и секогаш е тука кога е најпотребна. Убаво готви, но кога е љута пазете се што ви спремила. Атрактивна е за секој кој е во потрага за долготраен, стабилен и емотивен однос. Но од друга страна знае да биде и многу посесивна и љубоморна ако се чувствува загрозена. Материјалната сигурност е понекогаш многу поважна од емоционалните потреби. Доколку сте спремни да и ги исполните сите желби, таа е права жена за вас.
Венера во Близнаците
Засекогаш тинејџер во срцето. Знае да сака но само додека и ја пратите нејзината игра. Понекогаш се подигрува со чувствата на другите и доста е непостојана но во исто време интересна. Мора да научи да го разбуди односот, а не да од секоја љубов склопи крстозбор кој е невозможен за решавање. Постојано во емотивниот однос влегува од радозналост или од причина што лизнала на нечии слатку љубовни зборови. Таа сака да си игра и во тоа е нејзиниот шарм. И тогаш кога ќе помисли дека го нашла правиот, таа се испаничува, да не заборавила некој или нешто да не пропуштила. Никако да се одлучи помеѓу тие двајца, а понекогаш и тројца мажи. Таа е жена која може да сака повеќе од нив и тоа во исто време. Зар не е совршена?
Венера во Ракот
За неа љубовта е се и особите со Венера во Ракот тежат кон безбедна, топла љубов. Сакаат партнер за цел живот, кој ќе се грижи за нив и имаат јак мајчински нагон. Кога чувтсвуваат дека не се сакани склони се на бегање во светот на самотијата и депресијата. Често се соочуваат со несвесен страв да не останат сами. Имаат јака меморија, знаат да простуваат, но никогаш ништо не забораваат. Тоа им ја намалува силата и довербата. Многу се врзани за семејството и децата. Венера во Ракот ќе ви ги зацели сите рани и помош да се пронајдете себе, но ако ја повредите ќе ја изгубите за цел живот. За оваа Венера се кажува дека има најголемо срце.
Венера во Лавот
Неа не можете а да не ја приметите, бидејки тоа е невозможно. Во љубовта е прибирлива, топла, големодушна и има некоја силна потреба да се чувствува посебна. Верна е додека покрај незината сакана особа има се што ќе посака. Има високи очекувања, а кога ќе снема љубов станува рамнодушна. Таа никогаш нема да изгуби интересирање за својот маж, а ниту љубовта доколку е присутна со сто проценти внимание. Романтична е, нежна, а има и своја друга скриена страна. Знае многу да глуми доколку сака нешто да добие. Затоа не се препорачува да си играте со нејзиното его и со нејзините чувства.
Венера во Девицата
Е таа е многу паметна. Таа може и не слушнала дека љубовта е слепа и помалку удрена. Но таа е упорна и спшремна е да за љубовта седне во клупа и заедно да ги пројдат непрочитаните лекции. Спремна е да работи на својот љубовен однос само доколку е сигурна дека е тоа правото. Сака веднаш сериозна врска и зашто би се заљубувала сега ако тоа не е сигурен љубовен пат. Од таа причина во потрага е или во чекање да се сопне за правиот маж, таа ги пропушта шансите. Но добро, не била на тој час каде се зборувало за тоа како односот треба да се развива
Венера во Вагата
Е ова е права жена, елегантна и шармантна. Нежна, срдечна и секогаш предосетлива спрема другите. Не е доволно флексибилна и кога е разочарана може да отиде во крајност. Поседува добар вкус и склоност кон уметноста. По природа е емотивна и своите емоции не ги сокрива но е во исто време многу ранлива. Тоа се жени со убави манири, не се никако површни и во исто време се совршени жени но и совршени љубовници. Никогаш не можат да бидат без партнер. Во тоа е и магијата на љубовта. Она лесно се заљубува, помалку е нереална кога се во прашање емоциите и често не го чека правиот маж и тогаш е љута. Но е упорна во таа потрага по љубов.
Венера во Шкорпијата
А сега една опасна која сите карти ги држи цврсто во рацете. Со неа нема зафрканции. Таа прифаќа се или ништо, кога сака тогаш тоа е интензивно и длабоко. Нестрашлива е и кога е загрозена или кога ќе почувствува дека некој ќе и го заземе пленот, постанува многу посесивна и љубоморна. Не зборува многу за себе, но е одличен детектив, така да може лесно се да дознае за особата која и се допаѓа. Екстремна е во својата љубов или сака или се свети. Емоциите и се многу важни но страста игра најголема улога. Со сексот знае да добие се што ќе посака. Многу е вешта во љубовта со партнерот и потполно го подредува на своите задоволства, но исто така знае да му приреди толку големи емоции и огномет на страсти да ни на крај на паметот не му доаѓа да промени нешто во нивниот однос.
Венера во Стрелецот
Таа е кул жена, со авантуристичка природа и несмирена. Збунета е од време на време, во во проблем со мирниот љубовен живот и со желба за слобода. Кај неа желбата за освојување на нови пространства и стекнување на нови искуства расте со годините. Секогаш е за добра забава, добар пријател е, знае да кокетира и горда е на својата отвореност. Не сака досадна рутина, кочници или претерано патетични емотивни сцени. И многу лесно си оди, дури не ни пати, само ги пакува куферите кога ќе почувствува дека се гуши во некој емотивен однос. И таа ужива во секој момент од љубовниот живот, сака спонтано и супер се забавува.
Венера во Јарецот
Овде гледаме потреба, желба, желна за безусловна љубов која ќе трае вечно, односно до крај. Правата љубов трае. Ако се сврти кон тешкотии, незадоволства, ладност, овие личности доста долго остануваат лојални на семејството, бракот, некој убав… Не сакаат да ги изневерат своите блиски, а во исто време не се спремни за ризик и впуштање во нешто ново. Едно е угледот а другото е правата вистина. Некој цврсто се држат за односите затоа што им пружаат чувство на материјална сигурност, додека други влегуваат во односи заради тоа. Овде треба да се биде доволно јак, храбар, како во себе би пронашле она го сакаат и кон што тежнеат. Многу се добри во криење, ги контролираат своите чувства затоа што мислат дека така ќе ја сокријат и својата ранливост.
Венера во Водолијата
Најдобра пријателка, интересна и многу лесна за одржување ако и дадете простор. Отворена е према иднината, не води традиционална љубов туку е свртена према современите текови на чувствата. Не ги сака правилата, провокативна е, ужива во опуштени и необични односи. Кога ќе пробате да ја ограничите на било кој начин, можете само да стоите и да гледате како полека се оддалечува. Таа веќе тргнала кон нешто ново и возбудливо. Таа е поинаква, знае да го шокира партнерот од време на време, но таа е во ќар од тоа. Не е љубоморна или посесивна и се се одвива на другарска база и слободна волја.
Венера во Рибите
Жени кои треба само безусловно да ги сакате и ништо друго. Сонувач, многу шармантна, од чудна природа, необична и со меко срце. Сентиментална, посветена и спремна да научи се за личноста за кога се грижи. Има суптилен карактер и рафинирани чувства.
Емоциите ја водат низ животот, но ги прикрива затоа што е срамежлива и ненаметлива. Живее во свој свет во кој се преплетуваат сонот и јавето. Копнее за љубов и зависи од емотивниот и сексуалниот живот. Своите љубовни партнери ги идеализира и ја бара совршената љубов. Знае вистински да сака и е спремна да ги жртвува сопствените потреби. Инспиративна е, но и добро се прилагодува, но и некогаш претерува па останува разочарана. најмногу ја привлекуваат мажи кои се таинствени, помалку зафатени и оние кои се тешко достапни.