Хороскопските знаци и суеверието

Објавено: 3 ноември, 2014, во 10:23 часот

Како вашиот хороскопски знак се снаоѓа во одредени ситуации.

Овен

Сите тие празновернии и гледање во грав во главно се смешни, можеби телепатија и телекинеза можат да поминат но, само во филмовите. Иако не е суеверен, кога му зуе левото уво, овенот очекува да му зазвони телефонот – можеби ќе слушне добра или лоша вест. Бидејки се знае кој е шеф низ дома, кога ќе удрат со рака по маса, внимаваат да не истурат сол, да не избие кавга со саканата особа.

Бик

Сака да ја сврти шољата наопаку кога ќе го испие кафето. Чита хороскопи, сака да се консултира и со астролог и нумеролог, а некоја жена што гледа во карти баш го уплашила со тоа што му видела во минатото. Кога ќе видат црна мачла, го менуваат правецот на движење и вртат во друга улица, а таму проаѓа оџачарот, па бикот цел среќен се фаќа за копче.

Близнаци

Близнаците ги прелистуваат весниците, додека со едното уво ја слушаат метеоролошката прогноза. Тие најмалку веруваат во тие недокажани теории, освен ако некој не им каже дека таму имаат некаква заработка. Го бараат далечинското да го променат каналот, но левата дланка многу го чеша. Добивка! Е , па тогаш нема да се почеша, нека чеша, тој ќе издржи.

Рак

Не дека не е суеверен, но намерно над влезната врата закачил венец од босилек и лук и потковица – веројатно соседот од соседната врата нема да гледа во него на поминување.Го сонувал истиот сон и веднаш зема соновник и баш го отворил на страницата каде има детелинка со четири листа, тоа е добар знак. Ги затвора сите прозори, ги проверува ринглите, бојлерот, бравите на вратите, никогаш не се знае што може да се случи кога куќата е празна.

Лав

Не е суеверен, но сепак кришно чита литература од парапсихологија и радиестазија, а за алтернативната медицина во главно веќе се знае. Не му фали ништо, да чукне во дрво, само малку го боли грбот, најверојатно е од седење – се теши лавот, но одма по тоа седнува на велосипедот дома и ќе удри на темпо додека гледа низ прозор. А на прозорот бубамара – ќе му дојдат гости, подобро да провери дали има пиво и енергетски напитоци во фрижидерот.

Девица

Сака психологија, прави разлика помеѓу чисто суеверие и парапсихологија па голта литература од овие области. Крст на ланчето, бројаница, икони од светци, превиткана банкнота во џебот – да не ја бие малер. Ако и поклоните нож или запалка, симболично таа ќе ви даде ситни пари – да не дојде до кавга. А кога ќе види паричка на улица, ако е писмо ја зема за среќа.

Вага

Вагата е рационална, но и е јасно дека има нешто и со оние од другата страна. Поради тоа, за секој случај ќе стави привезок од тиркиз, колку да не ја озборуваат. Таа  е завидна колешка, сака се да дознае, барем нешто за љубовниот живот на колешката и кај кого оди на маникир, па цело време и ги гледа ноктите што значи дека некој веќе ја озборува. Вагата мудро молчи и се смешка.

Шкорпија

Не сака кога не знае на што е, а бидејки љубовната ситуација е поважна дури  и од финансиите таа оди кај видовити и кај таролози, се консултира со астролози и нумеролози, гледа што помалку да им зборува, а да слушне повеќе за себе и тоа прво што е лошо, а за доброто некако и самата се снаоѓа. Машката шкорпија веќе се обезбедила преку црнокоса госпоѓа која и гледала на дланката и и набавила амајлија за заштита.

Стрелец

Стрелецот зинал додека гледа во згодни девојки на ролери, а неговата сопатничка покрај него му кажува дека некој на неа и кажал дека ако се прозева, лошите духови ќе влезат во уста. На стрелецот тоа му е смешно, но сепак затворил уста, иако не е суеверен, еднаш нашол потковица која ја чува дома за среќа. Жената стрелец веќе кришум се свртела на бела магија, но на никого ништо не кажува.

Јарец

Загрижен поради тоа што го сонувал минатата вечер, размислува како да го заштити своето семејство, себе, куќниот љубимец. Се подготвува за пат со денови, но прво ставил лук во внатршниот и надворешниот џеп на куферот – што е сигурно, сигурно е. Чита се што му доаѓа под рака, а има и врска со култни теми, па кога нешто не му оди, иако е јарец ќе си каже на себе „Кој знае што е добро“.

Водолија

Ја сака астрологијата, нумерологијатантарот а чита и се што ќе и дојде на рака за тајни друштва, масони и шпиони. Суеверна е, но за жива глава не би признала дека се плаши да го искрши огледалото и дека ги заобиколува бандерите кои се во форма на буквата А, да не случајно помине низ нив. Ако се случи тоа, ќе си помисли – вистина е, иако знае дека нејзините синуси се осетливи.

Риби

Не знае што би конзумирала од богатата култна понуда, бидејки многу сонува и сака да ги толкува соновите со пријателите, а ако комшиката од четвртиот кат отвори карти, би ја слушала цела ноќ. Сепак помалку  оди  кај  видовити, но обожува састрологија. Се случува да не сака да влезе во хотел ако добие соба со бројот 13, а кога ги облекува чорапите наопаку, останува во нив цел ден – против малери.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.