Астро: Октомвриски секси игри
Октомври ќе биде се само не досаден ! Всушност есента нема да ви донесе мир кој обично доаѓа после летото. Напротив,ќе биде бурно се до пролет. Прочитајте што го очекува вашиот знак за време на овој месец
Овен
За овој период треба да работите на вербално изразување за она што го сакате. Најдобро е да играте игра во која на лист хартија ќе ги напишете вашите сексуални фантазии потоа ставете ги во шешир и извлекувајте. Секако фантазијата мора и да се реализира.
Бик
Време е да го гледате вашето тело малку поинаку. Ако секогаш сте посакувале нешто за што ви било срам да го правите во кревет ,време е да размислите за тоа. Размислете за стриптиз во секси долна облека…
Близнаци
Октомври од вас бара да се опуштите и да ја изразите вашата сексуалност на нови и креативни начини. Носете се што ве прави атрактивни. Ова е совршен период да внесете малку драма во собата ,можеби играње на улоги?
Рак
Добрите сексуални играчки се ваш клуч за сексуалниот живот во октомври. Познавањето на сопственото тело е добар дел од тоа но морате да знаете и што ве возбудува. Читајте еротски романи за подобро да се запознаете самите себе.
Лав
Имајте малку повеќе самодоверба отколку порано,поради што треба да ја преземете иницијативата во сексуалниот живот. Ако сакате нешто,кажете! Покажете му на својот сакан колку вашата сексапилност е извонредна и посебна. Изразете се себе,ова е ваш месец!
Девица
Околината ве прави да се чувствувате секси. Дали овие денови се чувствувате атрактивно? Дали имате во соба ароматизирани свеќи? На средината на месецот ќе се уверите во ова!
Вага
Експериментирајте! Можеби ќе се избламирате но на крај ќе се чувствувате многу добро. Размислувајте вака: природата не створила само еден цвет,туку милиони. Зошто и сексуалниот живот би бил поинаков? Опуштете се ,постојат милион начини да кажете да,не одбивајте интересни искуства кои овај месец ќе ви се понудат.
Скорпија
Колку сте поискрени во своите намери тоа ќе излезе на подобро. Учете да бидете понежни и поранливи во љубовта од порано. Во сито време морате и да ги задржите границите. Што очекувате од партнерот? Ова е важно прашање,бидејќи ако не го знаете одговорот на него како очекувате дека ќе бидете задоволни?
Стрелец
Божицата на љубовта,Венера влегува во вашиот знак од 7 октомври до 5 ноември. Во античко време се зборувало дека кога е Венера Bвисоко на небо луѓето воделе љубов по полињата. Божицата нема срам,дива е и слободна токму како што и вие би требало да бидете во октомври. Полниот месец 18 октомври гарантира одлична забава за вас.
Јарец
Се чини дека ќе добиете можност да истражувате разни видови на врска овој месец. Дозволете си себе си да бидете помалку конвенционални во поглед на тоа како ги гледате односите меѓу мажот и жената. Излезете од кутијата и проширете ги своите искуства и обидете се да сфатите дека постојат некои видови на врска кои воопшто не се лоши и би ви дозволиле да експериментирате.
Водолија Водолија
Фантазијата е многу здрава е додека сте свесни за тоа. Постои некоја длабока всадена желба во вас а октомври ќе ви дозволи да ја остварите. Само пазете да не западнете во ситуација од која ќе морате да побегнете порано или подоцна.
Риби
Ако чувствувате потреба некој силно да сакате деновиве знаете дека тоа не е случајно. На средината на месецот ќе почувствувате наплив на енергија која морате да ја чувате за подобри и позабавни активности а не на некои лоши работи. Нека почнат секси игрите!