Како хороскопските знаци располагаат со парите?
Каков е вашиот однос спрема парите? Спаѓате ли во штедливи и скржави знакови или сте еден од оние кои трошат како да не постои утре?
Овен
Овните никогаш не се плашат да ризикуваат а се водат со поговорката дека среќата ги следи храбрите. Не сакаат да собираат пари на куп туку им е помило постојано да ги вложуваат а не бегаат ни од ризични инвестиции кои некогаш ќе им се исплатат а некогаш не.
Бик
Како и сите земјени знакови и Биковите се на глас дека се штедливи и внимателни со парите. Сепак луѓето од овој знак не се скржави и секогаш повеќе ќе потрошат пари на добра храна,пијалак или средување на домот затоа приказната за штедливост обично и не држи вода. Секогаш сакаат да имаат пари на страна поради страв од сиромаштија.
Близнаци
Невнимателни се и не сакаат да штедат па често се во долгови од кои се извлекуваат со барање на заем или кредити. Некогаш имаат многу пари а некогаш се без скршен денар во џеб.
Рак
Овие луѓе секогаш се внимателни со парите и од амли се штедливи и промислени. Сакаат да собираат пари и не се склони кон расипнички однос но расположени се и да позајмат пари. На некој член од семејството или пријател кој е во проблеми. Не веруваат во брза заработувачка туку дек парите доаѓаат со работа и труд.
Лав
Лавовите сакаат луксуз и уживаат да трошат пари на разни задоволства. Сакаат да им завидуваат другите па често имаат најскапа облека,парфеми и накит а вложуваат и во автомобили и средување на станот. Дури и ако не заработува многу тој знае да живее на висока нога. Таквиот однос ќе ги доведе до финансиски проблеми но сепак храбрите Лавови знаат како да се извлечат од тоа.
Девица
Девиците се внимателни кога се во прашање финансиите. Штедливи се и секогаш внимаваат каде ги трошат парите а не се впуштаат во поголеми трошоци без детална анализа. Песимисти кои стравуваат од неизвесна иднина затоа секогаш тргаат пари на страна,за црни денови. Свесни за важноста на здравјето никогаш не гледаат колку ќе потрошат на здрава храна,витамини или апарати за вежбање.
Вага
Вагите навистина уживаат во шопинг затоа за нив може да се каже дека се знак кој најмногу троши. Уживаат во убава облека,козметика и на тоа не штедат никогаш. Често се во минус на сметката но сепак успеваат да спој крај со крај со позајмување или земање на кредити.
Скорпија
Скорпиите се вистински мајстори кога станува збор за пари и заработувачка. Овие луѓе имаат добар нос за бизнис а кога се впуштаат во поголеми инвестиции редовно ја следат интуицијата која ретко може да ги излаже. Многу се дискретни и таинствени кога се во прашање нивните пари па дури и партнерот и другите членови на семејството тешко дека знаат на што Скорпијата ги троши парите.
Стрелец
Знак кој многу не се заморува со штедење и страв од иднината. Трошат како да не постои утре а сакаат да патуваат или да се почестат во ресторан. Сакаат да потрошат и на другите а поради тоа што не внимаваат често крајот на месецот го дочекуваат со минус на сметката. Нивниот владар Јупитер кој често се погрижува да не бидат без скршена пара често им дава можност брзо да дојдат до пари. Сепак колку побрзо ќе го заработат уште побрзо можат да го изгубат затоа треба да бидат малку повнимателни со парите.
Јарец
Тие се внимателни и амбициозни луѓе кои напорно работат за пари затоа не сакаат брзоплето и импулсивно да ги потрошат. Штедат од мали нозе и се одрекуваат од луксузот бидејќи парите им претставуваат сигурност и моќ. Обично се сметаат за скржавци но тоа не е вистина бидејќи Јарецот секогаш ќе им помогне на блиските кога ќе се најдат во проблеми. Јарците напорно работата и се трудат да имаат заработувачка затоа се едни од ретките луѓе кои ги ценат парите и не сакат лесно да останат без нив.
Водолија
Неретко имаат необичен однос кон парите. Постојат периоди во животот кога имаат многу а и кога се во беспарица. Ги трошат на себе и на друштвото делат се што имаат и секогаш им позајмуваат на пријателите а сакаат да донираат пари и во хуманитарни цели.
Риби
Рибите можат да бидат вистински мајстори за стекнување на пари но не им е лесно да ги задржат. Живеат во некој сопствен свет во кој парите не играат главна улога и често трошат над своите можности. Не е реткост до грло да се во минус и кредити и секој месец да спојуваат едвај крај со крај.