Хороскопот вели дека сте родени за…
Стрелецот е роден за спорт или работа со животни,додека рибите се предодредени за професии кои имаат врска со уметноста.
Овен
Најдобра работа за Овенот е полицаец или пожарникар. Можат да се најдат и во работа како што е промоција на производи,реклама или односи со јавноста.
Бик
Припадниците на овој знак напорно работат ако знаат дека на крај им следува награда. Тие се познати по уживање во убави работи па идеални работи за нив се оние кои имаат врска со цвеќе или накит. Според тоа на Биковите им одговараат работа на адвокат,дизајнер,шеф на кујна или рецепционер.
Близнаци
Ова се лица кои сакаат многу да работат но не се љубители на повторување на иста работа. Според тоа нивни идеални професии се оние кои можат да ги работат на свој начин,а тоа се учител,архитект или полицаец.
Рак
Раковите сакаат да се грижат за другите луѓе па добри се во работи како социјален работник,адвокат,учител или војник.
Лав
Лавовите ги храни фактот да се во центар на вниманието. Доколку некој сака фирмата постојано да му напредува најдобро е да избере за водач Лав. За Лавовите идеални работи се агент за недвижности,дизајнер на ентериер,продавач и дизајнер на обувки.
Девица
Девиците се перфекционисти па за нив идеални работи се оние кои бараат многу детали. Најдобри занимања за нив се писател,учител,критичар,преведувач и детектив.
Вага
Вагите се друштвени и полни со живот па нивните работи би требало да бидат насочени кон уметност,игра и песна. Според тоа идеална работа за Вага е дипломат,танчер или преговарач.
Скорпија
Скорпиите се личности кои на работата се фокусираат повеќе од другите хороскопски знаци. Тие се создадени за детективи,хирурзи или психијатри.
Стрелец
Стрелците не сакаат рутина и настојуваат да ја избегнат во секој момент. За нив занимања од соништата се оние кои се поврзани со животни,спорт,дипломатија и односи со јавност.
Јарец
Јарците се амбициозни и потребни им се предизвици за да бидат среќни. Според тоа идеални работи за нив се менаџер,банкар и администратор.
Водолија
Припадниците на овој знак се хумани,љубопитни и склони кон авантури. За нив идеални професии се научник,дизајнер,танчар или музичар.
Риби
Рибите се креативни и страсни. Професии кои најмногу би им одговарале се уметник,медицинска сестра,ветеринар или психолог.