Како хороскопските знаци го доживуваат КРАЈОТ НА ЉУБОВТА: Рибите се чувствуваат виновни, Водолијата беснее!
Вашиот хороскопски знак може да биде одговорен за некои промени во вашето однесување во периодот по љубовен крах.
Еве како секој хороскопски знак го доживува крајот на љубовта.
Овен
Одбивањето не е омиленото нешто на светот за Овните, затоа и многу тешко се справуваат со раскинувањето. Во други работи, тие сè уште можат некако да ги контролираат своите емоции, но ако раскинувањето ги изненади, голема е веројатноста дека ќе се однесуваат многу детски.
Бик
Овој знак не сака промени и непознати работи, а раскинувањето е и едното и другото. Биковите ќе се чувствуваат изгубени по раскинувањето бидејќи знаат дека мора да ги променат чувствата кон личноста која ги оставила, нивната иднина и нивото на релаксација.
Близнаци
Близнаците разбираат дека раскинувањето не е најдоброто нешто на светот, но разбираат и дека животот продолжува и по раскинувањето. Затоа многу брзо бараат некој нов и уште побрзо забораваат на старата љубов.
Рак
Раковите многу детски се однесуваат кога станува збор за раскинување – не сакаат отфрлање и почнуваат да се однесуваат како деца на кои не им е купено сладолед. Пасивната агресија е уште едно омилено оружје на овој хороскопски знак.
Лав
На просечниот Лав, одбивањето му звучи како порака дека не е доволно добар за личноста што го напушта, па со сите сили ќе се обиде да докаже дека тоа не е вистина. Лавовите често се обидуваат да ги убедат поранешните партнери да ги прифатат назад бидејќи не разбираат како е можно некој да ги остави.
Девица
Девиците долго ќе кријат како се чувствуваат за раскинувањето, а често ќе се обидуваат да го оправдаат раскинувањето – и пред себе и пред другите. Најчесто по првичното оправдување ќе влезат во фаза во која претерано размислуваат за секој детал, што ќе ги направи уште подепресивни.
Вага
Кога станува збор за Вагите, раскинувањето има два ефекта. Понекогаш воопшто не ги допира премногу и тие веднаш се враќаат во рамнотежа, а понекогаш многу ги потресува па им треба уште малку време. Сепак, Вагите многу брзо се опоравуваат.
Шкорпија
По раскинувањето, Шкорпијата се претвора во лута, тврдоглава личност која кажува работи како: „Веднаш знаев дека ќе ме оставиш!“ Слободно можете да заборавите на збогувањето – тоа е невозможно доколку сте ги отфрлиле.
Стрелец
Стрелците ќе реагираат на еден од двата начини. Ако не се грижат премногу, ќе бидат прилично ноншалантни за раскинувањето. Ако им е грижа, ќе се обидат на секој начин да ја спасат својата врска.
Јарец
Овој знак вложува многу труд во врската и се труди да не биде оставен, а кога тоа ќе се случи, не знае како да се однесува. Го анализира секој чекор, наоѓа вина во работи на кои нема контрола и едноставно е премногу огорчен за крајот на врската.
Водолија
Водолиите не знаат како да се однесуваат зрело по раскинувањето. Ќе се налутат, викаат или едноставно гласно и јасно ќе ја озборуваат својата поранешна љубов.
Риби
Рибите автоматски мислат дека раскинувањето е нивна вина и постојано бараат причина зошто го одалечиле поранешниот партнер. Од сите хороскопски знаци, најдолго им е потребно за да закрепнат од раскинувањето бидејќи често не сакаат да веруваат дека врската е завршена.