Паметен бебе аларм!
Мајките одамна не мораат да влезат во собата каде што спие бебето за да проверат дали мирно спие.
Со помош на алармите за бебиња модерните мајки може во секој момент да го слушнат своето бебе како диши, мрда … Меѓу тоа со новиот аларм можете многу повеќе.
Withings Smart Baby Monitor е уред кој може да го поврзете со вашиот мобилен ( на пр. iPhone) и секогаш да внимавате на вашето дете.
Овој паметен бебе-аларм има камера со широкоаголен објектив и сензор од три мегапиксели кој снима и во темница.
Така што, додека бебето спие, на пример, родителите имаат и слика и звук од нивното дете, а доколку тоа е будно може да му се обратат со песна или приказна.
Освен тоа, Smart Baby Monitor има сензор за влажност и температура. Тоа значи дека родителите добиваат информации за тоа колку е топло во собата и колкава е влажноста на воздухот во неа.
Сепак, и покрај сите овие можности, обидете се овој бебе-аларм да го кoристите додека бебето спие – а додека тоа е будно посветете му се лично.
Освен безбедноста и комфортот, на бебето му е потребно и родителска љубов.