Кои се најдобрите луѓе во светот?
Најдобри се децата од 9 до 12 години, кои прават добри работи т.е. им помагаат на другите луѓе.
Да се биде добар стана малку неприфатливо во денешниот свет, за жал. Меѓутоа, децата од 9 до 12 години се чини дека се уште имаат многу идеалистичкa слика за светот околу нив во тие години, покажало истражувањето на Универзитетот на Калифорнија во Риверсајд.
Поточно, во таа возрасна група најмногу се ценат децата кои се добри спрема другите деца и секогаш се спремни да помогнат. Тие деца, според истражувањето вооедно се и посреќни од останантите.
Тестирани се над 400 деца на оваа возраст, случајно поделени во две групи. Првата група на деца работеле добри дела, имале многу хуманитарни мисли, додека останата група на деца само ги забележувале местата кои ги посетувале во текот на целото истражување.
По четири недели направена е евалуација на оствареното, па децата одговарале на прашања за среќата, што резултирало со многу поголем број на позитивни реакции во првата група. Исто така, кога требало да се изјаснат со кого би сакале да работат заедно на хуманитарни задачи, како најпопуларни се покажале децата од првата група кои правеле добри работи.