Само за мажи!!!
…кои немаат девојка?
Создадете си совршена девојка по ваша мерка на Facebook.
Сервисот за лажна партнерка „Cloud Girlfirend” може да утеши многу машки осамени срца.
Ако вашиот сингл статус на Facebook веќе долго време стои во место и никако неможете да го промените, “Cloud Girlfirend” е совршена алатка за вас. Сервисот на корисниците им препорачува да го заборават здодевниот бел ѕид (wall), и со малку напор може да ги направат своите пријатели љубоморни. Како тоа фунцкионира???
Се што треба да направите е да ја опишете девојката од вашите соништа и сервисот ќе започне со креирање на нејзиниот фиктивен профил. Упатствата на сервисот гласат вака:
1. Дефинирајте ја совршената девојка
2. Ние ќе ја направиме вистинска
3. Поврзете се и бидете во контакт со неа на вашата омилена друштвена мрежа
4. Уживајте во јавната врска на далечина со својата совршена девојка
Експерти во дигиталните медиуми Fi Bendall изјавуваат дека цела оваа приказна за овој сервис покажува вознемирувачки аспекти на однесување и ја брише линијата која ја дели реалноста од фикцијата. “Мислам дека ова е прилично тажен предлог. Го погледнав сајтот и се почуствував тажно во смисла на човечката осаменост. Кој воопшто би сакал да си направи виртуелна девојка, освен од забава?”, се запрашала Bendall.
Она верува дека оваа служба “Cloud Girlfriend” потенцијално ги изложува своите информации и приватноста на ризик.
“Едноставно мислам дека има премногу погрешни работи” – додаде таа нагласувајќи го проблемот со безбедноста на личните податоци, здравото користење на интернетот и помагањето на младите луѓе да го користат интернетот на позитивен начин.