Моќта на пријателството!
Никогаш доста од пријателите.
И покрај тоа што пријателството се гради со години, сепак може да се има само еден или двајца вистински пријатели.
Многумина сметаат дека за да имате многу пријатели треба да се биде фраер или пак да бидете познат, но само едно е вистинито, најдобар рецепт за тоа е да бидете свој.
Кога ќе бидете свој ќе привлечете многу луѓе кои се слични на вас, а со тоа ќе ви биде многу полесно да создадете нови пријателства кои ви одговараат на вашиот карактер.
Прв чекор
Доколку само седите во собата, слушате музика и сонувате за живот сличен на некоја популарна серија нема никогаш да го остварите тоа. Животот е сосема различен од телевизиските серии. Најдобра совет е да заминете не некои места кои ве поврзуваат со некое хоби или со пријатели кои веќе ги имате. Доколку веќе се занимавате со некој спорт, по завршувањето на тренингот не брзајте веднаш да заминете дома, придружете и се на толпата од луѓе, можеби некој ваш поглед ќе се сретне со поглед на некоја пријателска душа.
Бидете отворени
И пред се толерантни. Секако дека е убаво кога со луѓе кои ќе ги запознаеме да делиме исти параметри, но немојте да очекувате дека новиот пријател ќе биде по ваша мерка. Секако дека и тој има свои недостатоци и предности, како и тие негативности за некој се позитивни . Комплицирано, нели??? Па не е баш, отворете го умот и срцето и подгответе се да ги прифатите луѓето такви какви што се.
Исто така, немојте да имате предрасуди за машко-женските пријателства. Девојките можат да бидат одлични пријателки, момците исто така одлични пријатели кога станува збор за мешаните пријателства. Затоа секоја убава девојка не ја гледајте како потенцијална девојка, туку и како потенцијална пријателка.
Одете полека
Исто како и во љубовната врска ( прво состанок, па потоа држење за рака, па првиот бакнеж и така натаму), и запознавањето на пријателите треба да оди бавно. Немојте својот нов познаник да го повикате на роденденот на вашата шеесет и пет годишна баба! На секој ќе му биде незгодно во оваа ситуација и би избегал. Така, прво запознајте го вашиот нов познаник и споделете ги вашите интереси, што ви се допаѓа, што не ви се допаѓа па потоа насочете се спрема тоа. Среќно!