Дали вашите е-маил пораки се премногу долги?
Еден од најлошите проблеми кој често се јавува кај корисниците на компјутери и интернет е должината на е-мaил пораките.
Во овој денешен и брз свет се што треба да направите е да се обидете да бидете кратки и прецизни. Кога пишувате меилови секогаш имајте го во предвид времето на другите луѓе.
Кога на некој ќе му испратите долг е-маил, најверојатно ќе го остави за да исчита покасно кога ќе најде повеќе време, но прашање е кога тој некој ќе има доволно време да го исчита вашиот емил.
Најверојатно нема ни да добиете одговор на ова прашање…
Причини зошто не треба да пишувате премногу долги е-маил пораки:
-Треба премногу време за читање
– Покажувате дека не го цените туѓото време
– Поставувате премногу прашања
– Најверојатно нема да добиете одговор
Правила на пишување добар меил:
– Фокусирајте се на одреден број карактери исто како да пишувате СМС. Во кратки црти искажете се што треба да кажете.
– Во еден е-маил треба да знаете дека треба да се фокусирате на едно прашање или една тема
