Дали вашата куќа ве прави дебели?

Објавено на 2 јануари, 2013 во 11:27

Вашата куќа – верувале или не, може да биде закана за вашата витка линија.

Начинот на уредување и декорирање на домот може да влијае на вашиот апетит. Ви носиме шест совети за уредување на ентериерот, кој влијаат на волјата за слабеење.

Бои

Истражувањата покажале дека црвената и жолтата боја отвараат апетит, додека плавата за 33% го намалува апетитот.

Мала маса

Големите чинии се погодни за таложење на килограми – дури 22% повеќе јадеме ако користиме големи садови. Истото важи и за приборот за јадење. Кога се во прашање големите и широки чаши, обично пиеме 30% повеќе од нив, отколку од тесни и високи чаши.

Служете храна

Имате три пати поголеми шанси да јадете здрава храна, доколку таа се наоѓа на видливо место. Овошјето, зеленчукот и други намирници треба да ги чувате на полиците во фрижидерот, а пивото и чипсот во фиоки. Слатките држете ги два метри подалеку од местото каде што седите.

Одбегнувајте огледала

Жените кои вежбаат пред огледала имаат помалку енергија и се помалку опуштени. Оставете ги само неопходните огледала.

Ароматични масла

Мирисот на јаболко го потиснува апетитот. Мирисот на јасмин ја разбудува и поттикнува физичката активност. Интересно е што пеперминтот е заслужен за витка линија. Всушност, луѓето кои на секој два часа земале пеперминт бонбони јаделе 2700 калории помалку неделно.

Пуштете светло

Темните простории ве потикнуваат повеќе да јадете. Експертите, просторите со дебели и тешки завеси ги карактеризираат како “животна средина со висок ризик”. Ако немате доволно прозорци, поставете ламби.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.