Што гостите најчесто крадат од хотелите?
Од хотелите ширум светот годишно исчезнуваат стотици милиони долари – колку што и чинат тони крпи, перници и ќебиња, сапуни и бањарки. Ова се само најчестите “сувенири” кои гостите ги носат дома.
Дознајте што друго спаѓа во омилените детали од хотелските соби кои “исчезнуваат”.
Златна риба
Во медиумите е забелажан случај на англиски туристи кои краделе златни рипки од ексклузивен хотел
Цел инвентар
Еден брачен пар е фатен на дело како во Англија изнесува цел инвентар од хотелската соба – од мебел до сите апарати.
Теписи
Истражување во Велика Британија покажала дека во “секојдневните кражби” често страдаат и теписите. Специјален детал преставува и хотелската Библија, која во Америка може да се најде во секоја соба.
Чешми
Тушевите, чешмите, завесите, закачалките често добиваат нозе во светските хотели.
Пенкала
Чест предмет на кражба се и пенкалата, перниците и други материјали со логото на хотелот.
Светилки и батерии
На листата на работи кои исчезнуваат од хотелските соби се светилките, мини пеглите, па дури и батериите од далечинските управувачи.
