Паметни жени погрешни избори!
Зошто бираме погрешни мажи?
На прв поглед, успешните, комуникативните и многу самостојни жени ја губат главата за губитници, алкохоличари, оженети мажи и класични швалери кои трчаат по секое здолниште. Еден лош избор може да се смета за случајност, но ако тоа се повторува постојано, имате причина да го ставите прстот на челото.
Постои причина зошто се однесувате по тој распоред за избор на сите овие лоши типови. Погрешните избори често се резултат на ирационалните стравови, комплекси, анксиозност, не преболени трауми. Како по некое непишано правило, овие чуства се несвесни, но со самото тоа и многу се моќни. Тие владеат со нашето однесување и се во состојба да го уништат животот дури и на најголемите паметни личности. За среќа, ако сте свесни дека го имате овој проблем можете многу лесно да го решите.
Страв од отфрлање
Ако во младоста ненадејно сте изгубиле некој кој многу сте го сакале, сосема е нормално подоцна да се развие стравот од загуба и отфрлање. Вашата желба за основање семејство е инхибирана со несвесниот страв и познатото прашање “Што ако ме остави”?. Затоа вообичаено е овие личности да бираат мажи кои бегаат од обврски и врзување.
Поради стереотипи кои не следат од детството
“Жената мора да се омажи”
Овакви и слични предрасуди се само товар кој ве принудува да одите во лов за мажи. Обидивајќи се да го најдете по секоја цена не размислувате многу и го прифаќате и оној првиот на кој ќе налетате, а не оној кој навистина го посакувате. Бидејќи овој избор не е автентичен, по некое ќе се разочарате и ќе бидете несреќни.
Поради несигурноста во себе и своите квалитети
Вие не се сакате себе си, ниту се цените, од што произлегува и вашето несвесно верување дека не сте достојни за љубов. Среќни сте кој некој ви посетува внимание на вас и вие сте во можност целосно да се откажете од сите свои потреби за да се прилогодите на својот партнер. Со ова му давате до знаење дека се согласувате на се само да не ве остави. Правило е дека луѓето кои не се ценат сами себе и другите така се однесуваат со нив. Така што, додека жената не го промени својот сопствен став спрема себе, постојано ќе и се случува истото сценарио во љубовта. А во таквиот филм главниот актер сигурно нема да биде стабилен маж кој покрај себе сака да има жена крпа.
Што треба да правите:
– Научите да се цените сами себе
– Ценете ги своите способности и вложувајте во себе во секој поглед
– Не ги одбегнувајте проблемите, туку решавајте ги конструктивно еден по еден. Во тоа ќе ви помогне психолошка литература, психотерапија и самоанализа. Доволно е за почеток, потоа ќе ви биде многу полесно.
