Нахрани го домашното милениче преку мобилен телефон!

Објавено: 8 јануари, 2013, во 11:52 часот

Преку својот мобилен телефон можете да активирате „паметна чинија“ и на тој начин на своето домашно милениче да му дадете храна, но можете и да го одредите распоредот кога истата сама ќе се активира и да видите колку вашите домашни миленичиња изеле од храната. „Pintofeed“ е направа преку која едноставно ќе можете да ги храните своите миленичиња, дури и кога не сте дома.

Нејзиниот креатор Карлос Херера (32) одлучил да направи чинија што е споена со бежична мрежа, односно апликација преку која сопствениците можат да контролираат кога и колку храна ќе добие нивниот домашен миленик, па на тој начин да се осигурат дека тој нема да пропушти оброк.

Покрај тоа што сама го дава јадењето, според распоредот или активацијата, направата следи и колку храна изело домашното милениче и на сопственикот му испраќа извештај за тоа. Покрај пораката за тоа кога миленикот го почнал и го завршил оброкот, во апликацијата може да се следи и ритамот на исхрана, но и да се види дали сè е во ред со животното.

Преку веб-страната „Indiegogo“ почната е кампања за финансирање на проектот и производството на овие уреди, па веќе се собрани 50.000 долари. Така, дел од луѓето можат да го купат овој производ по цена од 99 долари, но кога истиот ќе се најде во официјална продажба, неговата цена ќе биде 149 долари.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.