Додека трепкаме нашиот мозкот е на пауза!
Во просек трепкаме помеѓу 15 и 20 пати во минута, а за тоа време нашиот мозок е на пауза.
Кога трепкаме, нашиот мозок влегува во режим на мирување, така што мислите слободно лутаат. Оваа неопходна мала ментална пауза може да трае дел од секунда или пак неколку секунди, во зависност од ситуацијата, а после тоа нашето внимание целосно се рестартира.
Како што наведуваат јапонски научници, трепкаме во просек од 12 до 20 пати во минута, така што нашите очи се затворени околу 10% од времето кое го минуваме будни. Трепкаме за површината на окото да ја задржи влажноста, но и затоа што мозокот има потреба повремено да се исклучи.
Резултати од истражување кое било спроведено на Универзитетот во Осака, укажуваат дека таа ментална пауза е неопходна за мозокот да може да се концетрира на она што го прави. Скенирањето на мозокот и следењето на циркулацијата на крвта покажало дека во моментот кога трепкаме мозочните региони се одговорни за задржување на вниманието кое моментално се гаси, а штом мозокот ја поминува краткотрајната пауза, тие се задолжени за повторно и целосно враќање на вниманието.
Кога читаме книга или пак слушаме кога некој зборува, обично трепкаме на крајот од реченицата, а ако гледаме филм трепкаме во моментот кога глумецот ќе испадне од кадар или пак ако се промени аголот на камерата. После тој мал одмор, спремни сме со целосно внимание да продолжиме да ги правиме сите работи кои претходно сме ги правеле.