Мозокот на диета се јаде сам себе!
Мозокот на луѓето кои внимаваат на исхраната, поради слабиот внес на хранлици материи, после некое време почнува да се јаде сам себе, откриваат научници од Универзитет во Њујорк.
Процесот кога мозокот почнува да се јаде сам се нарекува аутофагија.
Овој процес се појавува кога мозочните ќелии почнуваат да се јадат сами себе, за организмот да не колабира, покажало истражувањето.
Тестовите кои што биле спроведени на глувчиња покажале дека доколку се оневозможи на мозокот да „се јаде самиот себе“ би се спречило и чувството за глад кое што се јавува кај оние кои што се на диета.
Тестовите кои што биле извршени покажале позитивни резултати и затоа научниците изјавиле дека во иднина ќе работат на нов вид на диета која што би им помогнала на дебелите луѓе да ослабат, а воедно да не се чуствуваат гладни.