Нова надеж!
Интернет страница за луѓе кои сакаат љубов без секс.
Гледајќи дека преживеала 4 стадиум на рак на грлото на матката, Laura Brashier од Калифорнија сигурно знае колку секој момент во животот е важен и посебен, особено ако имате со кого да го споделите.
Откако се излечила од операцијата и зрачењата кои и го спасиле животот, Laura одлучила повторно да заплива во водите на љубовта, само мн брзо открила дека за жал тоа ќе оди многу потешко отколку што мислела.
Поточно, самата болест, агресивната радијација и операција оставиле трага на нејзиното тело, ја оневозможиле повторно да има сексуални односи.
Повеќе од деценија откако ја победила сериозната болест. Laura одлучила да отвори сајт за запознавање на луѓе како нејзе, кои од било која причина не можат или не сакаат секс во врска, но сакаат да уживаат во сите други аспекти на љубовните односи.
Одговарајќи на прашањата за тоа како добила идеја за ваков сајт, Laura објаснила дека во последните 10 години таа тема и претставувала голем проблем во комуникацијата со потенцијалните партнери, а на Интернет немала видено сајт или група на луѓе каде што може да разговара со луѓе како неа што имаат ист проблем.
“Звучи ужасно, но радијацијата ви ја топи кожата. Мојата вагина се затвори многу и доле имам многу лузни, што сексот го прави многу болна активност” – изјавила за ABC News.
Сепак, тоа не ја спречило во нејзниот обид да пронајде чуство на интимност и блискост со друга личност, што на крај резултирало со лансирањето на сајтот 2date4love.com, кој за само три дена добил повеќе од 1000 нови членови.
Laura се надева дека овој сајт ќе им даде нова надеж на личностите кои поради било која причина не можат да имаат сексуални односи, но бараат љубов и партнер кој ќе ги разбира.
Интимните односи се проблем за многумина луѓе кои се подложени на третмани после малигни заболувања, што е проблем за кој многумина не зборуваат. Најчесто со овој проблем се погодени жените, кои отстранувањето на интимните делови од телото често им прави голем притисок во љубовниот и приватен живот.
Се надеваме дека и болните од другите земји наскоро ќе добијат слична надеж за нов и подобар живот.