Каде гледаат луѓето кога запознаваат нов човек?
Очите, телото, градите или пак рацете?
Научниците откриваат дека очите се делот од телото кој најмногу го гледаме кога се запознаваме со некое ново лице. Откако го открија ова, чешките научници докажаа и дека мажите и жените со кафени очи уживаат најголема доверба, а синооките луѓе се повеќе неверодостојни.
– Постојано слушаме дека мажите прво ги погледнуваат жените во гради, или пак дека жените ги гледаат мажите во рацете. Тоа не е точно, бидејќи првото нешто што го правиме сите е погледнување во очите на оној спроти нас, пишува во соопштението на Универзитетот во Прага.
Истражувачите користеле фотографии на 80 мажи и жени и замолиле околу 250 волонтери да ги проценат. Генерално лицата со кафени очи биле сметани дека заслужуваат поголема доверба од оние со сини очи. Освен тоа жените оддавале поголема доверба од мажите.
Лицата оценети како попривлечни, исто така биле прифатени дека заслужуваат доверба, покажува истражувањето. Дамите со кафеави очи биле подоверливи од оние со зелени или сини очи.