Паста за заби – универзално средство за чистење

Објавено: 12 јануари, 2013, во 11:40 часот

Знаевте ли дека пастата за заби која ја користите за дентална хигиена може да исчисти многу работи во домаќинството?

– Отстранете ги дамките

Ставете на извалканото место малку паста за заби, но не паста во облик на гел, истријате нежно со мека крпа и исплакнете со топла вода, дамката сигурно ќе исчезне!

– Ослободете се од мирисот на лук

Неможе да се ослободите од мирисот на лук или кромид после готвење? Измијте ги рацете со паста за заби!

– Исчистете ги патиките

Старите патики може убаво да ги исчистите со стара четкичка за заби и паста за заби, но не во форма на гел.

– Исчистите ги очилата за пливање

Намачкајте ги очилата со паста за заби, потоа отстранете ја пастата со млака вода.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.