Бесплатно доживување!

Објавено: 12 јануари, 2013, во 13:30 часот

Најдобрите веб сајтови за виртуелни патувања

Посетете ја Кина, Австрија, Чешка, Романија, Словачка, Унгарија, Русија, Тајланд и Германија.

Google Street View сеуште нуди најдобра покриеност на градовите и знаменитости од панорамски фотографии од 360 степени, кои повикуваат на виртуелни патувања, но постојат и се повеќе конкурентски сајтови кои се фокусираат на индивидуални локации.

Google не води во центарот New York, Pariz и London, а меѓу најдобрите алтернативни сајтови за патување со помош на глувче и екран, по избор на сајтот Mashable се наоѓаат:

City8

Сајтот во својата база нуди над илјадници фотографии од повеќе од 40 кинески градови. Долго време не беше адаптирана за странски јазици, но неодамна постои и англиска верзија.

NORC

NORC ги опфаќа градовите од источна и централна Европа, односно поголемите градови во Австрија, Полска, Чешка, Романија, Словачка, Унгарија и Русија. Сајтот одредени фотографии ги прикажува во 3D па во нив може да уживате ако имате 3D очила.

MapJack

Сајтот нуди добар избор на специфични локации од западниот брег на САД и делови од Тајланд. Доколку не сакате големи корпорации зад кои стојат големи суми на пари, MapJack е одлична алтернатива затоа што зад целиот проект се наоѓа повеќе ентузијазам отколку долари.

SightWalk

Германски сајт кој ќе ве одведе во  Бон, Берлин, Дизелдорф, Хамбург, Келн, Минхен и Штутгарт. Одлично е поврзана со Facebook и Twitter што им овозможува на корисниците лесна размена на искуствата со останатите пријатели.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.