Штетни се штедливите светилки?

Објавено: 13 јануари, 2013, во 13:32 часот

Новите штедливи светилки кои ги заменија старите со вжарено влакно предизвикуваат рак.

Вакви се резултатите од истражувањето направено  од  научници во Државниот  универзитет во Њујорк.

 

Утврдено е  дека заштедата на енергија од светилки кои емитуваат премногу ултравиолетова радијација, влијае исклучително негативно врз кожата. Утврдено е дека  новите светилки  ги оштетуваат клетките на кожата по долго и интензивно изложување на нивната светлина. Како резултат на тоа заштедата на енергија може да предизвика бројни кожни болести, вклучувајќи и рак.

Производителите на светилки веднаш возвратиле со обвиненија, при што изјавиле дека ултравиолетовите зраци се во нормални граници.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.