Што би работеле, ако не треба да работите за пари?

Објавено: 15 јануари, 2013, во 10:51 часот

Секој од нас е одговорен – му одговара на шефот, издавачот, клиентот, муштеријата.  Додека некои луѓе одговараат на своите желби. Звучи како научна фантастика, но не е!

Мишел Бурлесон е високо образувана личност, со одлични препораки која имала сигурна и стабилна работа, добра плата, бенифиции и одлично напредувала во компанијата каде што работела. Родителите биле многу повеќе од горди на својата ќерка. Меѓутоа, секое одење на работа, секое утринско будење било со намуртено лице, па се додека не завршело нејзиното работно време. По одредено време сопстевникот на компанијата одлучил да стави катанец на фирмата и сите вработени се нашле на улица.

“Се случи тогаш да чуствувам многу големо олеснување, но и кривица”-рече Мишел. “Никогаш не размислував како се качувам по скалите на мојата кариера, дека моето драгоцено време го поминувам затворена со часови во канцеларии, дека пишувам договори и извешатаи, па затоа помислив ова е мојата прилика”. Мишел само по неколку дена поминати во сопствената куќа донесе одлука дека ќе го живее животот насмеана, сама ќе го организира своето време, ќе започне свој сопствен бизнис, ќе ја избрише прашината на својата гитара и ќе пишува песни. Тоа и се случило!

“Благодарна сум што мојот живот и мојата кариера се завртија за 360 степени. Викаат: Што неможеш милом, направи го силом. Тоа и го направив, ја земав својата работа во свои раце и живеам живот каде што јас одговарам на своите желби, а не на шефот и на своите клиенти”, изјавува денес Мишел, која веднаш по затворањето на компанијата за која работела отворила продавница за оперма на домашни миленичиња, направила бенд во кој свири гитара и пишувала за локалните весници.

Откако нејзиниот живот го сменила преку ноќ, отповикала голем број на луѓе на кои им поставила едноставно прашање: “Што би работеле доколку не би работеле за пари, и доколку парите не ви го окупираат вашиот живот?”. Таа ги добила следните одговори:

– Би играла на бина, би свирела гитара и би пеела (учителка)

– Би бил професионален фудбалер (агент за недвижности)

– Или би бил спортист или пак би режирал филмови (менаџер во компанијата Најк)

– Би сакал да водам реално шоу. Тоа е мојот сон (адвокат)

– Ова е прашање за милион долари. Би работела во хуманитарна организација со деца (ИТ менаџер)

– Би сакал да произведувам овошје и зеленчук. Домати, на пример. (трговец)

– Сонувам да се занимавам со креирање на внатрешен ентериер. ( домаќинка и мајка на три деца)

– Би креирала долна облека. Тоа е мојот сон. ( сопетвеничка на кафитериа)

Сега, затворете ги очите и признајте си самите која работа би сакале да ја работите доколку не морате да работите за пари. И зашто тоа не го правите?

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.