Зошто времето толку силно влијае на расположението?
Дали понеделникот е најлош во годината? Дали зимата и студот го рушат нашето расположение? Секако, се си има свое влијание, но на повеќето луѓе некои периоди во годината оставаат особено лош впечаток.
Зошто времето толку силно влијае на расположението? Некои укажуваат на серотонинот, на кој влијае количината на светлината. Во недостиг на светлина, серотонинот се претвора во мелатонин, кој го контролира сонот, па поради тоа, со доаѓањето на зимата стануваме потажни и поспани.
Но, без оглед на причината, научниците укажуваат на периодите кога тагата и нерасположението се најмногу присутни.
Наглото есенско заладување. Во овој период од годината постои некоја специфична есенска тага. Сè уште се свежи сеќавањата на летото, па студениот есенски воздух потешко не погодува.
Неделата по сметањето на зимското време. Тоа што една недела спиеме подолго, примарно ни се чини позитивна промена. Но, кога во текот на неделата почнуваме да се враќаме дома во мрак, расположението опаѓа. Особено ако не уживаме во утринската светлина.
По зимските празници. Празниците обично ни го креваат расположението. Но, откако ќе завршат, се враќаме на вообичаените работни обврски и повеќе немаме ништо друго на повидок.
Третиот понеделник во јануари. Според мислењата на британските психолози, третиот понеделник во јануари е најтажниот ден во годината. Факторите кои помогнале да се одреди најтажниот ден се лошото време, долговите поради празниците и пропаднатите планови.
Почетокот на пролетта. Пролетта е специфичен период во годината. Настапуваат неколку потопли денови, па мислиме дека зимата е зад нас. Но, пред нас се мошне лоши денови, променли температури пред навистина да поминеме на полесна гардероба и посветли денови. Пролетта, поради тоа, делува како долг период, особено ако го чекаме летото.