Облека која не може да се извалка!
Спасот за сите домаќинки, но и опасноста за сите компании за производство на средства за перење веќе пристигна!
Научници во Мичиген дошле до необичен изум кој ќе им биде непроценливо богатство на младите мајки. Тие направиле намаз на облека, кој штити од секој вид течни материи и може едноставно да се избрише од облеката, без да остане дамка. Нивната идеја е да најде примена во текстилната индустрија, но и пошироко.
Намазот кој може да се нанесе на било каква површина, ги намалува меѓу молекуларните сили кои ги привлекуваат честичките, па затоа течноста се одбива.
Научниците за експериментот користеле 100 различни течности и единствено фреонот, кој се користи во климатските уреди и ладилниците, успеал да пројде преку намазот. Но затоа, нема да имате проблем со кафето, алкохолот, шампонот, тонерот за печатење, бензинот, растителното масло и сумпорната киселина.
“Откако во допир ќе дојдат течноста и материјалот, се добива позитивен или негативен ефект и течноста се шири. Ние успеавме драстично да го намалиме взаемното делување меѓу површините, со што течноста веднаш се одбива“, рекол др. Аниш Тутеј.
Намазот бил толку лесен, што можело да се користи за одела од волна и заштитни одела на научници кои работат со опасни хемикалии или на бродови.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=tNscbG278jU{/youtube}