Шекспир складиран во ДНК!
Објавено: 24 јануари, 2013, во 09:27 часот
Флопи дискови, USB, ДНК? Научниците развиле начин да се кодираат музика и текстуални датотеки во ДНК, молекулите кои нормално ги содржат инструкциите за живот.
Новиот метод, опишан на 23 јануари годинава во магазинот Nature, во моментов е многу скап, но долгорочно тоа може да се користи за чување на дигитални датотеки без електрична енергија во текот на илјадници години. ДНК е толку компактен што огромни количини на податоци може да се чуваат во една епрувета, рече авторот на студијата Ник Голдман, генетичар од Европскиот биоинформатички институт во Велика Британија
“Од скептик преминав во верник”, вели Дејвид Хослер, генетичар и информатичар од Универзитетот во Санта Круз, Калифорнија кој не бил вклучен во студијата.
И бидејќи ДНК е сценариото на животот, од клучно значење во медицината, земјоделството и други области, човекот секогаш ќе врши притисок за подобрување на начините на читање и пишување на ДНК изјави Хослер за LiveScience.

Тимот дури користеше метод за кодирање на сонетите на Шекспир.
Од Флопи-дискови до CD и магнетни ленти, технологиите за складирање, читање и пишување на дигитални податоци брзо застаруваат. Дигиталните архиви барат многу простор, а самите фајлови, па дури и архивските магнетни ленти, треба да се освежуваат на неколку години за да се спречи деградација.
Голдман и колегата Хуан Бирни, исто така од Европскиот биоинформатички институт, разговарале за овој проблем пиејќи пиво еден ден кога сфатиле дека ДНК всушност може да биде соодветна за чување на големи количини на податоци.
Како што се покажа при откривањето на недопрениот волнен мамут, молекулите може да траат десетици илјади години ако се чуваат на ладно, темно место, велат тие. Ова не бара електрична енергија за одржување, како што е потребно кај хард дисковите , може да вклучи вградена проверка на грешки и неверојатно е компактно, рече Голдман за LiveScience.
