Младите момци се повеќе се женат за пари!
Објавено: 28 јануари, 2013, во 14:06 часот
Уште еден урбан мит полека се разбива, а станува збор за брак од финансиски интерес, а не од љубов.
Всушност, новото истражување спроведено на познатиот Оксфорд даде изненадувачки резултати за мажите кои се глава на семејството.
Поточно, од илјада анкетирани родители, 38% родители на машки деца сметаат дека нивниот син својата понатамошна егзистенција треба да си ја реши со брак со некоја моќна жена, додека за своите ќерки истото го посакуваат само 32% од родителите.
Според резултатите, родителите на девојчиња во последно време го промениле мислењето и сега веруваат дека високото образование и успешнатата кариера се клуч на задоволството и среќата на нивните принцези, а не бракот од интерес.
Историски гледано, разликата од времето пред 100 години и сега е свртено за 360 степени, бидејќи тогаш било срам дури и за луѓето од средната класа ако жените работеле, додека сега дури две третини од родителите токму тоа го посакуваат и мислат дека сигурноста на својата ќерка е клучот од нејзината успешната кариера.
Од друга страна, ловците на пари ги имало и во тоа време, но како што се менувале социјалните вредности, се повеќе момчиња не ја бараат вистинската или најубавата, туку онаа која има дебел паричник.
