Зошто треба да го деактивирате вашиот Фејсбук профил?
Објавено: 30 јануари, 2013, во 11:10 часот
Денес скоро сите се на некоја друштвена мрежа, а особено младата популација.
Но, токму затоа некои својот живот го живеат само онлајн и токму Фејсбук профилот ги ограничува. Ова се причини зошто понекогаш е добра опција да го деактивирате Фејсбук профилот.

Зависни сте од Фејсбук – Свесни ли сте колку време поминувате на Фејсбук? Просечна жена дневно поминува 81 минута на Фејсбук, а маж 64 минути.
Фејсбук лошо влијае на вашата самодоверба – Наместо да се веселите на успехот на своите пријатели, вие сте всушност сте нерасположени бидејќи вашите мани и недостатоци се уште повеќе истакнати.
Раскинавте со дечкото/девојката – Доколку неодамна сте ја прекинале врската, направете си сами услуга и привремено исклучете се од Фејсбук. Не се доведувајте во ситуација да го проверувате профилот на бившиот дечко/девојка или профилите на заедничките пријатели. Тоа сигурно не ви треба, бидејќи упатува кон депресија.
Љубомората е истакната – експертите велат дека луѓето на Фејсбук најчесто поставуваат фотографии од некој успех што го постигнале, а многу ретко од неуспех, токму поради тоа кај некои луѓе се појавува завист и омраза.
За време на испити – Учите за испит, а пола време го поминувате на Фејсбук? Вистинско време е да донесете одлука за деактивирање на профилот за време на испитна сесија.

