Паметен дом во блиска иднина!

Објавено: 21 февруари, 2013, во 10:37 часот

Ако мислевте дека иднината ќе ви зависи од роботи кои трчаат низ вашата куќа и ги извршуваат сите работни обврски кои ги имате вие, ужасно грешите.

Научниците се се поблиску да смислат дигитален дом кој ќе се прилагоди на човековите потреби – од надзор и видео комуникации до поефикасно користење на енергијата. Дигиталниот дом ќе ги “чуствува” луѓето и нивните потреби, ќе знае да ги препознае нивните гестови и дејства, изјавил за  Fox News, Jonathan Cluts еден од директорите на Microsoft.

Така, на пример, компјутерот ќе ве известува дека наскоро ќе немате млеко во фрижидерот или било која друга храна. Ако намирниците нема да стигнете да ги набавите, комјутерот ќе ви ги отфрли од сите рецепти т.е. ќе ви даде предлог со оние намирници кои ги имате веќе дома, земајќи го во предвид вашиот вкус.

Професорот Bruce McMillin од Универзитетот за наука и технологија во Мисури верува дека,сепак, во нашите домови нема да има толку екрани. . “Компјутерите, дури не мора да се гледаат, тие секако ќе ги чуствуваат нашите потреби. Ако ви е ладно и посегнете по џемпер, автоматски греењето во вашиот дом ќе се зголеми. Вашиот дом и вие ќе бидете во вистинска симбиоза”-додаде тој.

Паметниот дом ќе ве предупреди ако сте ја заборавиле влезната врата отворена, или пак гаражата. Ќе може да чуствувате ако некој падне или бара помш и автоматски ќе повикате брза помош и полиција. И уште многу, многу повеќе.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.