Стигнуваат евтини и паметни Нокиа мобилни!

Објавено: 23 февруари, 2013, во 10:50 часот

Според Ројтерс, Нокиа планира наскоро да издаде низа евтини паметни мобилни телефони за да привлече поголем број на корисници.

Најверојатно компанијата идната недела на саемот Mobile World Congress во Барселона ќе ја претстави низата од евтини мобилни телефони, вклучувајќи и паметни модели од линијата Лумиа, кој како оперативен систем го користат Windows Phone. За сега нема информации кој оперативен систем ќе го користат евтините мобилни телефони кои најверојатно Нокиа ќе ги претстави идната недела.

Ројтерс немаат објавено кога евтините модели точно ќе бидат достапни на пазарот, но повеќе информации би требало да дознаеме веќе следната седмица.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.