Кој спие со чорапи …
Објавено: 25 февруари, 2013, во 13:28 часот
Колку што може да се забележи од секојдневието, во однос на студот постојат два типа на луѓе: с’клетчии и зиморливи. Не се знае што е полошо. Или се препотуваш и не ти е пријатно, или постојано се тресеш од студ.
Едните гледаат што помалку облека да имаат на себе, а другите веќе не знаат што повеќе да облечат. Едните пијат ладни напитоци, а другите се „дават“ во чаеви и топло чоколадо…
А што е со спиењето? Саклетчиите ќе ги препознаете по пижамите со кратките ракави и сред зима, а зиморлиите одат во кревет со чорапи. Некои дури и со капа. Да, смешно е, но навистина им студи.
Др. Шерон А. Бренгман, професор по медицина, вели дека зголемувањето на чувствителноста на студ може да е проблем поврзан со хипертензија или дијабетес. Исто така, некои лекови можат да ја забрзаат работата на срцето, што може да доведе до намалена циркулација на крв во рацете и нозете. Високото ниво на холестерол, исто така може да пречи, како и состојбата на тироидната жлезда.
Сепак, некои студии покажале дека постарите луѓе имаат пониска телесна температура од помладите. Но тоа не значи дека под дифолт им е постудено.
Веројатно, чувството на студ е субјективна реакција. И не грижете се, ако ви студи тоа не значи дека кај вас зголемен е ризикот за нарушување на здравјето. Ако сте зиморливи, послушајте го советот на вашите мајки и баби и облекувајте потопли алишта. И чорапи за спиење.
