Претставен идолот на “Алкател“

Објавено: 25 февруари, 2013, во 20:24 часот

На саемот во Барселона францускиот производител на телефони “Алкател“ го претстави најновиот смартфон од својата производна програма One Touch Idol X.

Се работи за моќен смарт фон со оперативен систем Андроид 4.1,  пет инчен ИПС екран со резолуција од 1080п, четиријадрен процесор МедиаТек со 1,2 гигахерци, 16 ГБ меморија и 13 мегапиксели камера. Телефонот е со дебелина од 7,1 мм, а батеријата е со моќност од 2000 мили ампер часови.

Во продажба ќе има две верзии со 13 мегапикселна камера и слот за мемориска картичка и со две сим картички но без можност за мемориска картичка.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.