Модерната технологија ја подобрува врската на далечина!
Објавено: 26 февруари, 2013, во 11:36 часот 
– Купете веб камера! Прво, проверете дали вашиот компјутер има веќе инсталирана камера, бидејќи многу од новите компјутери имаат вградена камера. Доколку нема, секако купете ја, во денешно време не е толку многу скапа и веројатно е дека може да си ја дозволите, а таа значително ќе го подобри вашиот однос со партнерот бидејќи ќе ви овозможи да се гледате иако километри ве делат.
– Доколку не секогаш имате пристап на интернет и неможете секој ден да разменувате меилови и да чатувате постојано, не го заборавај телефонот. Би било добро ако се слушате барем еднаш неделно преку телефон. Секако, доколку тоа е возможно.
– Без оглед дали си романтична личност или не, би било добро понекогаш да напишеш љубовна порака или е-маил. Се разбира, не е добро доколку се претерува, но умерено искажување на љубов дополнително ќе ве зближи.

– Оставете кратка љубовна порака на неговата секретарка. Тоа не е скапо, немора да биде достапен, а многу е веројатно дека ќе му го разубавите денот, нема потреба многу да зборувате, доволно е да искажете љубов со свои зборови.
– Сите расправи и конфликти решавајте ги преку телефон, никогаш преку меил. Проблемот е во тоа што пишаната комуникација и вашиот партнер незнаат со кој тон говорите, и многу лесно може да создадете погрешна слика. За да ги одбегнете таквите работи решавајте ги со разговор преку телефон.
– Испратете му фотографии. Пронајдете фотографија на која сте заедно и испратете му ја на маил. Фотографијата ќе ја одржи хемијата помеѓу вас.
Е.Н.
