Како да направите домашна градина во затворен простор?
Објавено: 6 март, 2013, во 11:25 часот
Направете ја вашата храна раскошна и збогатете ја вашата кујна со нашите совети за одржување на домашна градина.
Засадете ги омилените зачини и оддржувајте ги на правилен начин.
Што да купите
За почеток купете голема саксија, но прво осигурајте се дека има дупки за наводнување, потоа купете камења и градинарска почва. Најголема шанса за опстојување во домашен простор имаат билки како жалфија, босилек, рузмарин, магдонос. Исто така, размислете што сакате да користите во готвењето, и насадете го тоа.
Како да започнете
Започнете така што ќе ставите послужавник под саксиите за да не направите штета поради одлевање на водата. Во саксијата ставете земја за наводнувањето да биде успешно, но не ја преполнувајте до горе, оставете неколку сантиметри слободни. Засадете го семето од билката така што ќе го ставите во дупката која претходно сте ја ископале во земјата, потоа затрупајте го семето.
Како да го негувате засаденото растение
Идеално место каде што треба да стои е на сончева светлина близу некој прозор, така што билката ќе добие од шест до осум часа сонце на ден. Редновно полевајте ја со вода, а за декорација може да ја украсите со шарени камења.
Уживајте во зачините
Кога стеблото ќе порасне не го кинете цело, туку малку по малку. Берете едно по едно, а не се оддеднаш.
