Видео: Од денес нов Фејсбук!
Објавено: 8 март, 2013, во 10:50 часот
Денес во 10 часот по локално време (а 19 часот вечер по локално македонско време) на настан организиран од Фејсбук ќе бидат прикажани промените кои вклучуваат лесна навигација на фидот и содржините кои се прикажуваат на истиот.
Ако досега бескрајно скролавте по њуз фидот за да наоѓате информации, отсега ќе можете да ги најдете полесно така што ќе ги сортирате по категории. На пример, ако сакате повеќе да читате за музика, кликајќи на опција ‘music’ ќе можете лесно да дознаете за новите албуми, концерти и музички вести, како и да видите што слушаат вашите Фејсбук пријатели. Истото би било и ако сакате да се посветите на гледање на фотографии. Се претпоставува дека фотографиите ќе се прикажуваат со поголема резолуција на њуз фидот.
Овие промени кои ќе ги презентира Фејсбук денес се коментираат како најголеми во историјата на оваа социјална мрежа, а се најавува дека и дизајнот ќе биде побогат отколку оној до сега.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=pIVNc7XEMDk{/youtube}
