Гугл замрзнува работни места и го намалува буџетот

Објавено: 28 април, 2020, во 13:46 часот

google fin

Гугл планира да ги намали своите маркетинг буџети за дури 50 проценти, според внатрешните документи, до кои дошла телевизиската мрежа CNBC.

На директорите им било речено да замрзнат работни места за вработените со полно работно време и такви на договор. Ова кратење е драстичен чекор од она што првично го најави пред една недела извршниот директор, Сундар Пичаи.

„Намалување на буџети и замрзнување на работните места се случуваат низ целиот свет во маркетингот и во Гугл “, напиша еден од директорите во средата и додава: „Од нас, заедно со остатокот од маркетингот, е побарано да го скратиме буџетот за половина во втората половина на годината“.

Портпаролот на „Гугл“ потврди дека буџетите во некои сектори се намалени за дури 50 проценти, или половина, но додаде дека нема намалување во другите сектори и дека ова сè уште е во процес на оценување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.