Кратки совети за почетници на Твитер!

Објавено: 1 март, 2013, во 09:43 часот

1. Започнете со неколку кратки постови во кои ќе се претставите себе и она што ве интересира. Задолжително потенцирајте зошто го користите Твитер, и што се надевате дека ќе научите од него, а доколку сакате да запознаете нови луѓе задолжително означете каде живеете.

 

2. Поврзете се со пријателите за кои знаете дека веќе имаат Твитер. Следете ги, погледнете ги личностите кои тие ги следат или побарајте личности за кои знаете дека имате слични интереси, па потоа проверете ги личностите кои тие ги следат, сами мора да се потрудите околу вас да создадете мрежа од пријатели.

3. Одговарајте со @ кога некој сакате да го вклучите во конверзација. Може да ги вклучите и личности кои не ве следат, па на тој начин да ги заинтересирате.

4. Доколку пред нечие име вметнете буква “d”, тогаш тоа што сте го напишале ќе се испрати како приватна порака на таа личност која сте ја означиле. Приватни пораки може да испратите само на личностите кои ве следат.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.