Нутриционистите советуваат која храна може да го подобри вашето расположение

Објавено на 7 септември, 2022 во 13:30

Нутриционистите составија список на храна што помага во борбата против депресијата и стресот. Витамините Ц и Е, омега 3 масни киселини, калиум и магнезиум, се клучни за подобро расположение.

Американската нутриционистка Елизабет Сомер советува кои намирници ќе ви помогнат полесно да се справите со стресот и депресијата.

Во списокот спаѓаат пет основни групи на храна, богати со хранливи материи за кои е докажано дека имаат корисен ефект врз расположението.

Портокалите, лимоните и другите агруми содржат голем број количини на витамин Ц, што има ефект на намалување на нивото на хормонот на стресот во крвта. Ако редовно јадете јужно овошје, имате поголеми шанси да останете смирени во кризни ситуации, тврди Сомер.

Оревите, лешниците и бадемите се богати со витамин Е, магнезиум и аминокиселина аргинин. Тие имаат низок гликемиски индекс, односно не предизвикуваат „скокови“ на нивото на шеќер во ктвта.

Неколку лешници или бадеми ќе ви помогнат да го одржувате нивото на шеќер во крвта и со тоа да избегнете ненадејни промени во расположението.

Зеленчуците како спанаќот и кељ содржат фолна киселина, која помага во борбата против лошото расположение, потребно е да се консумираат често или да конзумирате мултивитамински таблети кои содржат и фолна киселина.

Морската риба како лосос, скуша или сардините се богати со омега 3 масни киселини и го подобруваат расположението, го намалуваат ризикот од депресија и губење на меморија во староста.

Американското здружение за психијатрија дури препорачува антидепресивната терапија да се „зајакне“ со зголемување на внесот на омега 3 масни киселини.

Сувото овошје како цреши и вишни, покрај витамин Ц се богати со калиум и магнезиум, кои придонесуваат полесно да се справиме со стресот. Веќе споменатиот витамин Ц е познат како еден од најмоќните антиоксиданси, кој го намалува ризикот од оштетување на мозочните клетки.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.