Пијалоци што помагаат во слабеењето

Објавено на 8 јуни, 2021 во 18:19

Освен балансирана исхрана, за да ги стопите „зимските“ вишок килограми, може да ви помогнат шест пијалаци. Не е потребно само нив да ги пиете туку и да се храните.  Пожелна е комбинација од барем два или три од овие пијалаци во текот на денот:

1. Сокови од зеленчук

Имаат многу помалку шеќер од овошните сокови, а содржат витамини и влакна кои ќе ве заситат.

2. Црн чај

Изобилува со кофеин, а може да помогне и да го намалите апетитот. Докажано е дека помага при разградувањето на масни наслаги.

3. Кефир

Кефирот е пробиотик кој ви помага да останете сити, а има низок удел на масти.

4. Зелен чај

Состојките во зелениот чај го тераат телото да согорува калории без многу активност.

5. Млеко од соја

Со овој пијалак важно е да не претерувате количински, па добро е да го вклучите одвреме-навреме во неделното мени.

6. Смути од боровинки

Најчесто се прави од ½ шолја растително млеко, шолја боровинки, 1 банана и малку вода. Изобилува со антиоксиданси кои го чистат телото.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.