Фенг шуи совети за слабеење
Фенг шуи има многу моќно влијание на потсвеста, и е значителен сојузник во губењето на калориите. Наместо да броите калории и да ги мерите облините, добрата здраствена состојба може да ја имате и со внимателен избор на форми, материјали и бои на садовите и предметите во средината во која јадете.
Соодветен прибор
Квадратните садови се подобри од округлите ако сакате да слабеете. Тоа е затоа што правоаголниците претставуваат умереност, а круговите љубопитност.
Пастелни бои
Земјените тонови претставуваат задоволство, додека сјајните и јаки бои го предизвикуваат вашиот апетит. Ако навистина сакате да се држите до планот со вашата диета, бојадисајте ја кујната и трпезаријата во кафена или капучино боја.
Парни броеви
Наместете парен број на столчиња. Ако имате непарен број на членови во семејството, ставете едно столче повеќе, поради одржување на линија.
Огледало на ѕид
Огледалото ви помага да бидете концетрирани. Така ќе бидете свесни што јадете, како и колкава е количината на храната што ја јадете.
Уредна куќа
Започнете со кујната, исчистете го фрижидерот, фрлете се што не е корисно. Колку е вашата куќа уредна и чиста, толку полесно ќе ја губите телесната тежина.
Шаренило
Колку повеќе бои има чинијата, односно храната која ја сервирате, толку повеќе хранливи состојки внесувате во организмот. Придржувајте се до правилата: една третина од храната треба да биде месо, една третина зеленчук или овошје, а третата јагленихидрати.