Кога е вистинско време за нова фризура?
Кога белите прамени од косата се видливи, врвовите се суви, испукани, а вашиот фризер веќе на памет знае како да ви ја скрати косата или исфенира – значи е крајно време за смели промени.
Пријатели …
Кога вашите пријатели од средно школо ви велат дека воопшто не сте се промениле ниту после 10 години, секако дека тоа е комплимент, но за момент променете го вашиот стил кога станува збор за вашата коса. Прелистајте неколку нови модни списанија или консултирајте се со експерти.
Безживотна …
Ако вашата коса беживотно паѓа и после фенирањето нема волумен – време е за промена.
Премногу напор
Доколку ви е потребно и половина час за да ја средите вашата коса, значи формата на косата ви е лоша и време е да ја промените.
Сува коса
За косата да не ви изгледа како сено, скратете ја. Во овој случај ви требаат само неколку креми за вашата коса да изгледа сјајно и модерно.
Веќе видено
Неморате да го промените својот фризер, иако тој го знае вашиот стил и вашата коса, пробајте нешто ново. Побарајте од фризерот модерна и кратка фризура или пак фризура со долги степенасти прамени.
Коњско опавче
Ако постојано носите коњско опавче или пак пунџа, тоа е знак дека ви е потребна промена. За почеток може да исечете шишки.
Промена на стилот
Менувањето на стилот на облекување е совршен и за промена на фризурата. Така ќе имате нов изглед од глава до пети.
