Очила и мејкап трендови за оваа сезона

Објавено на 21 ноември, 2012 во 13:25

И жените кои носат очила сакат да изгледаат секси и привлечно.

Ние ви носиме мејкап совети кои ќе ви помогнат да игледате уште подобро кога носите очила”

– За почеток одберете оквир кој ви прилега најдобро. Следете ги трендовите и цените, но најбитно е да чуствувате удобност кога ги носите очилата.

– Доколку вашиот оквир е темен немој да користите темна боја на сенка или пак црн туш. Користете нежни и пастелни бои како светло кафена, светло розеникава и слични.

– Намалете ја количината на маскара што вообичаено ја ставате. Кога носите очила не ставајте повеќе слоеви маскара бидејќи ќе добиете спротивен ефект од посакуваниот. Но, кога ја нанесувате убаво расчешлајте ги трепките за да изгледаат што повеќе природно и густо.

– Погрижете се за своите подочњаци. Токму тие уште повеќе идат до израз кога носите очила, па затоа потрудете се да ги прикриете.

– Не заборавајте го карминот. Тој ќе ви подари свеж изглед, а најдобар ефект ќе постигнете доколку користите иста боја на руменило како и карминот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.