Фрлете ја старата облека
Облеката игра важна улога во нашите животи, иако многумина го негираат тоа.
Доколку во вашиот ормар чувате облека веќе неколку години, запрашајте се зошто не ја фрлите!?
Ако облеката не ја фрлате поради спомени, вие незнаете како да се движите напред и сте закочени со времето.
Втора причина може да биде очекувањето дека ќе ја изгубите тежината повторно. Ако е така, можеби сепак е време да ја фрлите. Ако успеете да изгубите дел од телесната тежини, тогаш ќе сакате да се наградите со нова гардероба.
Или пак, можеби сте личност која ја следи модата и мислите дека вашата облека некогаш повторно ќе биде во мода. Но, ако имате љубов кон облеката и модата, тогаш сигурно нема да носите и да се чуствувате удобно во нешто што е старо неколку години.
Направете си вие самите услуга и ослободете ги своите ормари.
